Карамелити – карамелизирани чоколадно-овесни коцки

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата со мрсна хартија, оставајќи 1 см од хартијата да виси од страните. Тргнете ја тавата на страна.

Во сад за мешање, измешајте ги брашното, овесните трошки, кафеавиот шеќер, содата и солта. Додајте го растопениот путер и мешајте сè додека сместа не стане трошлива.

Притиснете 2/3 од смесата на дното на подготвената тава.

Додадете ги сечканите ореви и чоколадата преку кората.

Во мал сад измешајте ги карамелите и хоплата. Гответе на тивок оган со постојано мешање додека да се стопи и стане мазна.

Карамелата се прелева во тавата, над слојот со чоколада и ореви.

Изронете ги престанатите овесни трошки над карамелниот слој.

Се пече за 23 минути сѐ додека не добие светлокафена боја.

Оладете го колачот на решетка сè додека целосно да се излади.

Откако ќе се олади, исечете го на коцки.

По избор, останатите карамели и чоколада се топат и се прелеваат над сечените коцки.

Состојки:

210 г сенаменско брашно

300 г овесни трошки (ако се користат овесни снегулки, треба претходно да се смелат во блендер или мелница)

300 г кафеав шеќер

1 лажичка сода бикарбона

1/4 лажичка сол

240 г путер, стопен

околу 400 г ванила-карамели

75 мл полномасна хопла

500 г чоколада за готвење, искршена на парчиња

100 г сечкани ореви

По желба:

5-6 карамели

60 г чоколада

Објавено

Петок, Август 28, 2015 - 16:29

Коментари

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе