Кафе-торта за со (или наместо) утринското кафе

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте со путер и набрашнете две округли тави за печење.

Во голем сад измешајте ги шеќерот, брашното и 1/4 лажичка сол. Оставете ги на страна.

Стопете 200 г путер во тава на средна температура. Додека се топи, додајте 3 лажици инстант-кафе во 250 мл врела вода. Оставете ги на страна.

Откако путерот ќе се стопи, додајте ја смесата со кафе во путерот во тавата. Оставете да врие околу десет секунди, а потоа исклучете ја ринглата. Оставете ја смесата на страна на само една минута.

Во друг сад убаво измешајте ги путерот, јајцата, сода бикарбоната и ванилата.

Истурете ја смесата од путер и кафе во смесата од брашно. Бавно промешајте. Целта на мешањето не е совршено да се спојат, туку да се оладат пред да ја додадете смесата со јајца.

Додајте ја смесата со јајца и нежно мешајте додека да се спојат. Потоа префрлете половина од смесата во едната тава, а другата половина во другата тава. Печете 20 до 22 минути.

Оставете ги целосно да се изладат.

Измешајте ги сите состојки за филот и намачкајте дел од него врз едното парче тесто. Одозгора додајте го другото парче и целата торта премачкајте ја со филот. Чувајте ја тортата во фрижидер еден час пред сервирањето.


Состојки:
За тестото:
  • 250 г брашно
  • 400 г шеќер
  • 1/4 лажичка сол
  • 200 г путер
  • 3 лажици инстант-кафе во зрнца
  • 100 г јогурт помешан со 30 г вода
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 2 лажички ванила

За филот:

  • 150 г путер
  • 450 г шеќер во прав
  • 2 лажици инстант-кафе во зрнца
  • 1/4 лажичка сол
  • 4 лажици слатка павлака

Објавено

Петок, Септември 2, 2016 - 00:02

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе