Чоколадни плочки со карамела

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Во голем сад матете ги со миксер путерот, шеќерот и кафеавиот шеќер 3-4 минути, или додека смесата да осветли. Додавајте ги јајцата едно по едно, матејќи по секое додавање. Додајте ја ванилата.

Додајте ги брашното, какаото и солта и изматете.

Додајте ги парчињата чоколада и измешајте со лажица.

Истурете ја смесата во тава и израмнете ја. Печете 28-36 минути. Украсете ги колачињата со карамел-сос и послужете.

Состојки:
  • 250 г путер, омекнат
  • 400 г шеќер
  • 200 г кафеав шеќер
  • 4 јајца
  • 1 лажица ванила
  • 170 г обично брашно помешано со 2 лажици пченкарно брашно
  • 120 г какао во прав
  • ½ лажичка сол
  • 250 г полуслатка чоколада искршена на парчиња

Објавено

Четврток, Октомври 27, 2016 - 19:59

Коментари

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе