Приготвување:Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата за печење со мрсна хартија. Измешајте ги брашното, какаото во прав, прашокот за печиво, сода бикарбоната и солта. Ставете ги на страна. Во друг сад со миксер изматете ги шеќерот и крем сирењето. Матете на средна брзина околу 2 минути. Додајте ги јајцето, маслото и ванилата. Матете додека смесата да се изедначи. Додајте ги сувите состојки кај влажните состојки. Матете додека не добиете изедначена смеса. Додајте ја искршената чоколада и промешајте. Со лажица земајте од тестото и редете во тавата оставајќи околу 5 сантиметри помеѓу секое колаче. Печете 9-11 минути, или додека да се испечат. Внимавајте да не ги препечете. Извадете ги од рерната и оставете ги целосно да се оладат. | Состојки:220 г брашно100 г какао во прав 1 лажичка прашок за печиво 1/2 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка сол 2 чаши шеќер 200 г маскарпоне или друго крем сирење, омекнато 1 големо јајце 7 лажици масло 1 лажичка екстракт од ванила 200 г искршена чоколада |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 80НОВИ / 24h
- 1 од 14
- следно ›
- Контакт