Чоколадна торта со солена карамела

Приготвување:

За тестото
Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте со путер тркалезна тава со средна големина. Оставете ја на страна.

Во голем сад измешајте ги шеќерот, брашното, какаото во прав, сода бикарбоната, солта и прашокот за печиво. Измешајте ги. Оставете ги на страна.

Во друг сад со електричен миксер матете ги јајцата, ванилата, маслото и млекото или јогуртот додека целосно да се спојат. Полека додавајте од смесата кај сувите состојки. Матете додека да добиете еднолична смеса. Додадете го врелото кафе. Смесата ќе биде многу ретка.

Истурете третина од смесата во подготвената тава и печете 25-30 минути, или додека чепкалката за заби да излезе чиста. Оставете ја тавата да се излади целосно, па повторете ја постапката со другите 2 третини од тестото. Треба да добиете три слоја тесто.

Солена карамела
Во тенџере со дебело дно варете го шеќерот на тивок-среден оган. Не го мешајте шеќерот, но може да ја вртите тавата за така да го промешате. Шеќерот ќе почне да добива боја на килибар.

Многу внимавајте на шеќерот, бидејќи може многу лесно да изгори. Кога ќе се подрастопи, мешајте го со маталка додека да се стопат сите грутки. Додајте го целиот путер исечен на мали коцки и брзо мешајте за да се спои.

Тргнете го тенџерето од оган и додајте ја слатката павлака со многу брзо мешање со маталката- смесата ќе пушта меурчиња, но додека мешате, ќе се смири. Откако ќе се соедини, додајте ја солта и оставете да се излади.

Чоколаден прелив
Во мало тенџерче загрејте ја слатката павлака 4-6 минути. Тргнете ја од рингла и во неа ставете ја исечканата чоколада. Нека седат 3 минути, а потоа промешајте додека не се соединат целосно.

Крем
Со електричен миксер изматете ги состојките за кремот и ставете го во фрижидер додека ја подготвувате тортата.

Склопување
Ставете го првиот слој од печената торта на чинијата за сервирање, па наросете 3 лажици солена карамела врз него, потоа една половина од кремот и врз него посипете уште солена карамела. Повторувајте ја постапката додека не дојдете до најгорниот слој на тортата.

Врз најгорниот слој на тортата намачкајте го чоколадниот прелив, пуштајќи го да се прелева по страните. Одозгора попрскајте солена карамела. Чувајте ја тортата во фрижидер.

Состојки:
За тестото

400 грама (2 чаши) шеќер

250 грама (2 чаши) брашно

90 грама (¾ чаша) какао во прав

2 лажички сода бикарбона

½ лажиче сол

1 лажиче прашок за печиво

3 големи јајца, на собна температура.

2 ½ лажички екстракт од ванила

½ чаша растително масло

1 чаша млеко или јогурт, на собна температура

1 чаша врело инстант кафе

За солената карамела

400 г шеќер

150 г несолен путер

200 мл слатка павлака

1 лажица крупна морска сол

За чоколадниот прелив

100 мл слатка павлака

250 г чоколада за готвење

За кремот

200 мл слатка павлака

200 г кисела павлака

2 лажички екстракт од ванила
сок од половина лимон

Објавено

Вторник, Декември 22, 2020 - 21:28

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе