Чоколадна торта без брашно

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Стопете ги чоколадата и путерот на пареа и оставете ги на страна.

Изматете ги жолчките со половина од шеќерот (125 грама) додека да станат бледожолти.

Во друг сад матете ги белките додека да почнат да формираат цврсти врвови. Потоа додајте им 1 лажица шеќер. Повторувајте го ова на секои 20 секунди, со додавање 1 лажица шеќер, сè додека не го ставите целиот останат шеќер (125 г).

Додајте ја чоколадата во матените жолчки и внимателно промешајте со кујнска лопатка. Потоа постепено додавајте ги белките на два дела и пак нежно промешајте.

Истурете ја смесата во калап за торти и печете 40-45 минути, или додека чепкалката брцната во средина да излезе чиста.

Украсете ја тортата со свежо овошје и посипете шеќер во прав.


Состојки:
250 г путер

250 г темна чоколада

250 г шеќер

5 јајца, одвоени

Објавено

Понеделник, Мај 9, 2016 - 10:51

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе