Чоколаден леб од банана

Приготвување:

За лебот:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте го калапот за колач со путер.

Изматете ги брашното, какаото во прав, сода бикарбоната и солта. Оставете ги на страна.

Во друг сад изматете ги пирето од банани, маслото, шеќерот, јајцето и ванилата.

Додадете ги сувите состојки кај влажните и мешајте додека да се спојат. Додајте ја кршената чоколада.

Печете 55-65 минути или додека чепкалката боцната во тестото да излезе чиста.

Целосно оладете го колачот.

За преливот:

Ставете ја сечканата чоколада во сад. Загрејте ја слатката павлака до пред вриење (да не зоврие) и прелејте ја чоколадата со неа. Покријте го садот и оставете го да отстои 2 мин. Промешајте со кујнска лопатка додека смесата да стане сосема мазна.

Оладете го преливот и со него прелејте го лебот од банани.

Состојки:
За лебот:

120 г брашно

50 г какао во прав

1 лажиче сода бикарбона

¼ лажиче сол

1 лажица еспресо во прав (по избор, за вкус)

2 големи зрели банани, згмечени како за пире

200 мл растително масло

200 г шеќер

1 големо јајце

1 лажиче ванила

200 г чоколада кршена на ситни прашања (по желба)

За преливот (по желба):

150 г темна чоколада (сечкана)

150 мл слатка павлака

Објавено

Среда, Февруари 3, 2016 - 22:18

Коментари

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе