Чоколаден колач со бадеми

Приготвување:

Спојте ги брашното, шеќерот и солта.

Во тенџере стопете го путерот. Додајте го какаото. Промешајте. Додајте ја врелата вода, оставете ја смесата да врие 30 секунди, а потоа исклучете ја ринглата. Истурете ја смесата врз таа со брашно, и малку промешајте за да се излади.

Спојте ги јогуртот и матените јајца, сода бикарбоната и ванилата. Истурете ја оваа смеса во смесата од путер и какао. Истурете во плех за торта и печете 20 минути на 180 степени.

Додека тортата се пече, направете ја глазурата. Исечкајте ги ситно бадемите. Стопете го путерот во тенџере. Додајте го какаото, промешајте, па исклучете ја ринглата. Додајте ги млекото, ванилата и шеќерот во прав. Промешајте. Додајте ги бадемите, промешајте и прелејте врз топлиот колач.

Состојки:
За тестото:

2 чаши брашно

2 чаши шеќер

1/4 лажиче сол

4 преполни лажици какао

200 г путер

1 чаша врела вода

1/2 чаша јогурт

2 цели матени јајца

1 лажиче сода бикарбона

1 лажиче ванила

За преливот:

1/2 чаша ситно сечкани бадеми

150 г. путер

4 преполни лажици какао во прав

6 лажици млеко

1 лажиче ванила

3 чаши шеќер во прав

Објавено

Вторник, Јануари 12, 2021 - 18:56

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе