Чоколаден чизкејк

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

Лесно премачкајте ја тавата со путер (или обложете ја со хартија за печење за да не се залепи чизкејкот).

За подлогата:

Ставете ги орео колачињата во блендер за храна и мелете ги додека не добиете ситни трошки.

Спојте ги колачињата орео со стопениот путер и мешајте додека не се рамномерно обложени. Истурете ја смесата во калап за торта и со помош на чаша со рамно дно притискајте ја на дното и на страните за еднакво да се распореди.

Печете ја подлогата 10 минути. Оставете ја да се олади.

За филот:

Загрејте 1/4 чаша од слатката павлака и прелејте ја врз искршената чоколада. Почекајте 20 секунди додека да се стопи чоколадата и убаво измешајте. Оставете ја на страна.

Во друг сад матете го маскарпонето со рачен миксер додека да стане кремасто и мазно. Додајте ги шеќерот и какаото во прав и матете додека смесата да се изедначи.

Додавајте ги јајцата едно по едно матејќи, а потоа и останатата половина чаша слатка павлака, матејќи додека да се соединат.

Додајте ја смесата со чоколада. Додадете ја ванилата и промешајте да се соедини. Истурете го филот врз изладената подлога.

Печете 70 минути. Чизкејкот е готов кога ќе се испечат страните, но центарот може да е помек.

Извадете го чизкејкот од рерна и оставете го да „одмори" додека да се излади тавата.

Ставете го во фрижидер 4 часа.

За чоколадниот прелив:

Загрејте ја слатката павлака и прелејте ја врз искршената чоколада. Почекајте 20 секунди додека да се стопи чоколадата и убаво измешајте. Истурете го преливот врз оладениот чизкејк и оставете го да отстои околу 15 минути пред да го послужите.

Состојки:
За подлогата:

24 колачиња „орео"

60 г несолен путер, стопен

За филот:

350 г чоколада за готвење

3/4 чаша (180 г) слатка павлака, на собна температура, поделена на 2 дела

700 г маскарпоне, на собна температура

300 г шеќер

1/4 чаша (30 г) какао во прав

5 големи јајца, на собна температура

1 лажичка екстракт од ванила

За преливот:

300 г чоколада за готвење

3/4 чаша (180 г) слатка павлака

Објавено

Четврток, Јануари 28, 2021 - 19:54

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе