Банана-колач со глазура од крем сирење

Приготвување:

За тестото:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте ја тавата за печење со малку масло.

Во голем сад изматете ги брашното, сода бикарбоната, солта, циметот, морското оревче, каранфилчето и ѓумбирот.

Во друг голем сад изматете ги заедно згмечените банани, двата вида шеќер, павлаката и маслото. Додајте ги јајцата и жолчката, едно по едно. Потоа додајте ги сувите состојки кај влажните, матејќи само додека да се соединат. Немојте премногу да матите.

Истурете го тестото во подготвената тава и измазнете го горниот дел.

Печете 35 до 40 минути, или додека чепкалката вметната во средината на тестото не излезе чиста.

Оладете ја целосно тортата.

Откако тортата целосно ќе се олади, намачкајте ја глазурата одозгора и посипете ореви, ако ставате.

За глазурата:

Со електричен миксер изматете ги крем сирењето и путерот на средна брзина додека да се изедначат. Намалете ја брзината на мала и постепено додавајте го шеќерот во прав, повеќе пати по половина чаша, матете додека не се изедначи. Додајте ја солта.

Зголемете ја брзината на средно висока и матете 1 минута.

Состојки:
За тестото:

2 чаши брашно

2 лажички сода бикарбона

1 лажичка прашок за печиво

1 лажичка мелен цимет

1/2 лажичка мелено морско оревче

1/4 лажиче мелено каранфилче

1/4 лажичка мелен ѓумбир

1/2 лажичка сол

2 чаши зрели банани, пасирани

1 чаша кафеав шеќер

3/4 чаша бел шеќер

2/3 чаша кисела павлака

1/2 чаша масло

3 големи јајца плус една жолчка

За глазурата:

350 г полномасно крем сирење, на собна температура

120 г несолен путер, на собна температура

3 чаши шеќер во прав, повеќе ако е потребно

1/8 лажиче сол

1/4 чаша ореви или бадеми, крупно исечкани

Објавено

Сабота, Јануари 2, 2021 - 09:04

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе