ПЕРВЕРЗНО

Грчката фарса

Кога ја слушнав приказната дека на македонската новинарка Ивана Костовска ѝ било забрането да влезе во Грција додека одела на одмор во таа земја, јас бев сè освен изненаден.

Јоргос Пападакис Македонците што се родени во Грција честопати се соочуваат со таканаречената „црна листа“ и како последица на тоа им се забранува да влезат во земјата врз основа на смешното оправдување дека „тие претставуваат закана за внатрешната безбедност на една земја-членка на Европската Унија“. Бидејќи многумина од овие Македонци во моментов се граѓани на ЕУ, САД, Канада и Австралија и откако овие земји почнаа да се жалат дека нивните граѓани се малтретирани, грчките власти почнаа да користат и други (не)изговори за да не ги примаат несаканите Македонци. Најчестиот таков изговор е дека тие во грчкиот национален регистар се евидентирани како „нон грата“. Нема понатамошни објаснувања. Крај на приказната.

Во текот на последните неколку години, овој тренд почна да се шири и кон македонските новинари. Обидувајќи се да ги спречат да известуваат за своите сограѓани-Македонци во Грција и покрај протестите на меѓународната заедница, Грција воведе серија „дозволи“, кои не се однесуваат на новинарите на ниедна друга држава. Кога не успеаја ни овие мерки, стапи во сила црната листа, прво за Горан Момироски, а сега и за Ивана.

Залудно е понатаму да се анализира настанот. Кога таа ја прашала грчката погранична полиција зошто не ѝ е дозволено да влезе во Грција (и таму да ги потроши својот одмор и пари), одговорот бил: „Ние не знаеме, оди прашај го грчкиот конзулат во Скопје“. Таа и го сторила тоа, но и таму го добила истиот одговор. „Ние не знаевме дека постои таква забрана“.

Дали е можно да им се верува на такви патолошки лажговци, луѓе на кои лажењето им е лесно колку и дишењето? Се разбира дека не. Ова не било грешка и тоа повторно ќе се случи кога некој друг македонски новинар, како Момироски или Костовска, ќе напише нешто што грчките власти не го одобруваат. Најверојатно ќе следуваат уште повеќе меѓународни протести, но ништо нема да се промени.

Па зошто се мачам да пишувам за нешто што повеќе навистина не е вест? Затоа што документот што ѝ бил даден на Ивана за да се оправда забраната за влегување бил на грчки и на (лош) српски јазик. Како што сите знаеме, Грција се граничи со Србија и им забранува влез на илјадници Срби годишно. Според тоа, тие треба да сфатат зошто се бркани. Се шегувам, се разбира, но со Андонис Самарас на власт, обожавател на старата идеја на Милошевиќ за заеднички граници меѓу двете земји, ова е златна шанса за Грција да покаже колку многу ја почитува Република Македонија и нејзините граѓани што секоја година трошат милиони евра на нејзините плажи и во нејзините продавници, и колку многу ги почитува нејзиниот идентитет и јазик. Без разлика на она што го зборуваат на меѓународно ниво, на Грците воопшто не им е гајле за името на нивната соседна земја. Ако Нимиц утре изутрина дојде кај нив и им рече: „Вие ќе го прифатите името Република Македонија, но за возврат нема да постојат македонски јазик и националност“, што мислите, каков ќе биде нивниот одговор? Едно џиновско ДА. Ова смешно парче хартија што грчката полиција ѝ го предала на Ивана Костовска е вистински, одвратен доказ за тоа.

На господинот Орав и на неговиот претпоставен господинот Филе јас би им предложил убаво да ги разгледаат овие документи пред да почнат повторно да ја верглаат својата досадна песна дека иднината на Република Македонија во рамките на ЕУ лежи во нејзините сопствени раце. За жал, тоа не е така. Иднината на Македонија лежи во валканите раце на Грција, а потоа и на Бугарија, бидејќи самата ЕУ го дозволи тоа. Единствената одлука што Македонија може сама да ја донесе е да ги замрзне своите ЕУ-аспирации и апсурдните преговори за името. Дали ова навистина е она што го сакаат бриселските бирократи? И за што? За една обична грчка фарса?

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе