Зошто договорот со Бугарија не е симетричен?

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

Сите експерти, политичари и сите кои учествуваа во преговорите, немаа никакви сознанија за преговарањето и за теоријата на игрите, па се надеваа дека со алтруизмот и едностраниот пристап кои произлегуваа од потребата за влез во ЕУ, со кој му пристапија со цел завршувањето на процесот и брзо потпишување на овој договор, без да појдат од нашите национални интереси, несвесно си создадоа слаба позиција за преговарање и услови за лош исход. Тоа е недозволиво државничко однесување. А после потпишувањето нѐ убедуваа дека завршиле добра работа. Наспроти сите нив, јас овој договор го ценам како ирационален, бидејќи изобилува со многу незнаење. Повикувањето на поздравите и поддршката од страна на „меѓународната“ по потпишувањето на договорот, за мене не значи дека треба да се слави договорот како рационален и ефективен. Оние кои го потпишале или работеле на него не треба  да се задоволни ако си ја знаеле работата. 

Бидејќи не си ја знаеле, неприфаќање на истиот од страна на голем дел од јавноста треба да им биде сериозна опомена за иднина. Останува и фактот дека за него не постигнавме  консенсус пред неговото потпишување. Ова е вториот факт кој го потврдува незнаењето на нашите експерти и политичари, особено на партизанските професори од нашите факултети кои предаваат меѓународни односи и политика, употребувајќи методи од комунистичкиот период,  непознавајќи го она што следи во овој текст, а е срж на науката на запад.

И идеологијата со која нѐ убедуваа,  дека никој не може да ни ја одземе гордоста и правото ако во договорот остане синтагмата „јазикот според Уставот“ е само чиста рационализација и оправдување на својата немоќ, бидејќи договорот не е склучен меѓу две заедници во земјата, туку меѓународен договор меѓу две држави. Затоа јас оваа поддршка од меѓународната заедница за потпишаниот договор ја сметам само за мал проблем за неа симнат од меѓународната политичка сцена како решен, бидејќи во договорот целосно се интегрирани странските интереси, суштината на духот од Париската повелба и декларацијата која ја потпиша нашиот, денес средно богат премиер во 2007-та, запоставувајќи ги и незнаејќи како да ги брани нашите национални интереси. Затоа овој договор, според исходот се карактеризира и како неразумен.   

 Сега да прејдеме на главното прашање - каде е изгубена симетријата во предметниот договор? Нели за ваква оценка ни требаат сигурни извори (стенограми, белешки и сл.) од учесниците во процесот на преговарање за договорот. Кај нас во сите преговарања и во сите фази од него не се консултира знаењето, или ако се консултира, тоа се прави селективно врз партиски основи, па ние како држава остануваме на маргините на светското знаење за оваа проблематика, но и за политиката. Не учиме од грешките, па тие едноставно ни се повторуваат. Што е уште полошо, ни се трупаат со секој изборен циклуси и нѐ влечат наназад. Ама политичарите не се откажуваат од своите привилегии и моќ кои произлегуваат од власта. Нема оставки. Впрочем и овие редови никого во државата нема многу да го заинтересираат, ниту некој ќе се запраша што зборува овој во овој напис, а јас не го знам.

Одговорот на поставеното прашање ние го гледаме во незнаењето како требаше да се искористат принципите на интеракција на стратегијата „мило за драго“ во преговарањето со Бугарија од страна на сите наши учесници во него. Во меѓународната интеракцијата, од почетокот  на политичките односи на нашата држава со странство, на  Бугарија ѝ припаѓа посебно место, бидејќи таа прва нѐ призна како држава и некако го подотвори тој процес на меѓународната сцена. Потоа  следуваше нашето двоумење околу вториот чекор, односно околу потпишувањето на Декларацијата од 2007-та. Тој јазол на нашето двоумење го пресече американската дипломатија преку Строуб Талбот, кој изврши притисок, тој документ да го потпишеме. Со потпишувањето на тој документ, патот на Бугарија кон ЕУ беше ослободен, ама односите со оваа земја не беа средени на рамноправна основа заради нашето незнаење.

Следната интеракција, според редоследот од стратегијата на авторите (Аексел(р)от и Рапапорт) требаше да ја повлече Бугарија. Интеракцијата почна но, надвор од принципите на споменатата стратегија. Бугарија тргна во неа од позиција на авторитет, веројатно потпрена на првата интеракција уценувајќи да се прифати како основа на договорот, Декларација од 2007-та, која беше асиметрична, бидејќи беа повеќе застапени интерсите на Бугарија отколку нашите. Така наместо со кооперација, оваа земја настапи со освета, оневозможувајќи ни го она што ние ѝ го овозможивме неа со декларацијата. Притоа, мора да се спомене дека таа освета не беше умерена или адекватна на нашето двоумење за потпшишувањето на декларацијата, што е услов во споменатата стратегија, туку беше воинствена со цел да се уништи противникот (Македонија). Се разбира Македонија на осветата требаше да реагира со иста мерка. Но, заради  идеологијата на партијата која сега е на власт, како и целта и намерите кои однапред беа поставени со таа идеологија, преку договорот да се влезе во ЕУ, нашите преговарачи и политичари останаа  љубезна и слаба страна, која после тоа не знаеше како понатаму да го продолжи преговарањето, освен да го прифати сето она што другата страна го бараше и да го потпише договорот. 

Заради овој пристап на нашата власт, сличен на макијавелистичкиот принцип целите ги оправдуваат срествата, другата страна возврати со неизмерна освета, нељубезност и наметнување на своето.

Според мене во ваков случај, кога другата страна тргнува во преговори со неизмерна освета, наместо со љубезност, нашата страна требаше јавно да ја опомене дека не е принципиелна и дека не искажува подготвеност за пријателство и добрососедство, а потоа и да ја извести и да побара поддршка од меѓународната заедница, со цел да добиеме реципрочен договор и поддршка како што доби Бугарија со притисокот од страна американскиот дипломат Талбот. Со оглед на тоа дека оваа заедница, особено САД, строго ги почитува и практикува овие принципи на стратегијата „мило за драго“ во меѓународните преговарања, таа побарана поддршка од наша страна и особено одговорот на неа ќе ни разјаснеа многу работи околу нејзиниот искрен однос кон својот стратешки партнер (Македонија).

За овој однос на нашиот стратешки партнер за конкретниот договор немам сознание и затоа нема да шпекулирам. Меѓутоа, учесниците во преговорите и министерот  за надворешни работи, сигурен сум дака биле запознати со  непринципиелниот и неодржлив осветнички однос на другата страна кон нашите интереси, па требало да реагираат оправдано и во духот на стратегијата „Мило за драго“, а  потоа и да побараат поддршка од нашиот стратешки партнер за овој грд пристап на Бугарија. Но, најверојатно тие не интервенирале бидејќи не знаеле како тоа да го напават, што според мене е срам за нив. Ако ги знаеле овие принципи, а ги занемариле,  тогаш тие овој проблем го искористиле за остварување на некои свои лични интереси, за што во иднина ќе судат генерации.

Самиот факт дека ВМРО-ДПМНЕ го одложуваше потпишувањето на овој договор, ни укажува дека тие биле против вака асиметрично стокмениот договор од другата страна во поглед на преферираање на своите интереси, а запоставувајќи ги нашите интереси. Меѓутоа и оваа партија најверојатно носи одговорност за неснаоѓањето околу тоа како да се излезе на крај со асиметријата, преку стратегијата „мило за драго“. И тие засега немаат споменато јавно дали ја искористиле или не оваа стратегија и дали побарале поддршка од нашиот стратешки партнер за надминување на овој недопустлив и непријателски однос на Бугарија кон Македонија во преговарањето за предметниот договор.

Споменатата стратегија нуди многу алтернативи и опции, кои даваат можност за сериозно и ефективно преговарање. Но, тие не е можно да се соопштат во еден ваков напис со ограничен простор. Само да споменам дека во првиот турнус на компјутерската симулација на оваа игра, има четири итеракции, преку двеста движења, 14 посебни стратегии и многу илјадници избори за одлуки. Во другиот турнус тие можости на алтернативи, итеракци и движења се мултиплицираат на 4-ти степен. А кога не се знае како да се искористат тие можности, како во нашиот случај, резултатите се такви какви што ги имавме во овој процес на преговарање за споменатиот договор. Во нашата Влада во моментот, има експерти кои се добри математичари, но најверојатно заради политичкиот ангажман за кој не се квалификувани за политика не им останува време за нови вакви сознанија, но и за други математичко-теоретски модели употребливи во политичката наука. Ова наше запазување многу лесно се потврдува со нискиот квалитет на нивните, крајно политички сиромашни дискусии околу алтернативните одлуки во Собранието и во настапите во средствата за јавно информирање. А како да го толкуваме тоа, дека другата страна од овој договор имаше свој научен соработник (Илиев), на еден од авторите на оваа стратегија.  

Според искажаното, нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата. Другата страна, знаејќи ги нашите намери и цели во однос на овој договор, наместо да ја игра играта наречена „затворската дилема“ го искористила нашето незнаење, па си ја одигра играта наречена „кукавица“. Затоа цврсто сум убеден дека споменатиот договор не е реципрочен ниту разумен. Туку спротивно! Тој сигурно е неупотреблив и е средство за идно наше уценување. Најверојатно и од познавачите на овие проблеми надвор од државата нема да биде окарактеризиран како добрососедски.

                                                           М-р Ѓорѓи Трипков, економист-аналитичар

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе