„Железната завеса“ треба да падне како Берлинскиот ѕид?

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

„Железната завеса" која, според збровите на премиерот Зоран Заев, Југославија ја подигнала помеѓу Македонија и Бугарија, е можеби сигналот дека тој се согласил на сите бугарски барања со цел Македонија да ги отпочне пристапните преговори со Европската Унија. Заради тоа во Македонија се очекува „топла политичка клима".

Имајќи го предвид политичкиот карактер на премиерот Заев, сите во некогашната јужна југословенска република очекуваа дека тој ќе ги негира наводите кои самиот ги изнесе во интервјуто за бугарскиот медиум. И, тоа се случи. Меѓутоа, и во тоа што го кажа во интервјуто, и во тоа што потоа напиша на Фејсбук, има заеднички елементи.

„Железната завеса" е знак дека Заев се согласил на сѐ.

Клучна е тезата за постоење на „железна завеса" помеѓу некогашна Југославија и Бугарија.

Имено, Зоран Заев не отстапува од идејата дека помеѓу Македонија и Бугарија по крајот на Втората светска војна е подигната „железна завеса", а тоа ја поттикнува асоцијацијата дека ги прифатил условувања на бугарската влада во поглед на македонското прашање. Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување. Штом Заев говори за „железна завеса", тоа значи дека крајната цел е да се прифатат сите бугарски барања, дека Македонците влечат корени од 'големата бугарска нација', а дека јазикот е бугарски со примеси на србизми.

Да потсетам, Заев во интервјуто за бугарската агенција „БГ нес" изјави дека Бугарија и Северна Македонија немаат споделена туку заедничка историја и дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој се борел за слободна Македонија и Одринскиот регион.

Како окупаторите станаа администратори?

Исто така, македонскиот премиер бугарските окупатори во текот на Втората светска војна ги нарече „администратори" кои во еден момент преминале на антифашистичката страна и кои заедно со Македонците ја ослободиле Македонија од фашистите. И, потоа дека Југославија во 1948 година поставила „железна завеса" помеѓу Бугарите и Македонците.

Не поминаа ниту 24 часа, а Заев мораше преку Фејсбук да им се правда на своите граѓани поради дадените изјави во интервјуто бидејќи Македонија се дигна на нозе.

Меѓутоа, и во тоа „правдање" Заев не отстапи од тезата за „железната завеса".

Во таа политика со која се сака да се извртат настаните од блиското минато нема ништо ново. Во неа има континуитет. Со оглед на фактот дека Македонците по Втората светска војна за прв пат добиваат своја држава, тезата за „железната завеса" води кон заклучокот кој се избедува сам по себе - дека е прифатена мантрата за нови односи помеѓу Македонија и Бугарија и дека постои само проблем во реализацијата на таа мантра, бидејќи отпорот кај македонското население е огромен.

Нѐ очекува долга жешка зима која ќе биде особено жешка до 15 декември, кога се очекува отворање на почетокот на преговорите помеѓу Македонија и Европската Унија. Но, сега и во сендвич помеѓу Бугарите и Албанците.

Иван Стоиљковиќ

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе