Заслужуваме подобро

Ние ја имаме таа судбина секоја генерација Македонци и Македонки да се соочува со своја борба поврзана околу нашето битие, идентитет и државност.

Ова е нашата вековна идентитеска борба која се манифестира во разни форми, преку вооружена борба, градење на институции, дипломатски или пак на референдум.

Илинденците како и aсномците се бореа херојски, храбро гинејќи за идеалите на македонската државност и идентитет сѐ до нејзино оформување во 1944 со АСНОМ-ското собрание. Но, имање на своја држава не значеше и прекин на борбата. Во Федерална Република Македонија борбата, иако тивка сепак траеше. На што Блаже Конески ќе каже, ‘Големо ни е Името, ќе сакаат да ни го земат’.

Со осамостојувањето на Република Македонија во 1992 и оспорувањето од страна на Грција, нашата идентитетска борба се распламти и продолжи, но овој пат, на дипломатско поле.

Но сега, 26 години од остварување на историскиот сон на нашите предци и на сите нас да имаме своја македонска држава, се најде предавник, еден од нас, да посегне по она што е дел од нас, во себе што го носиме, и за она што генерации пред нас гинеа и макотрпно се бореа, нашето име. Името Република Македонија е дел од нашиот идентитет и со менувањето на името на Република Македонија ќе се смени дел од нас и тоа ние треба да го спречиме.

Ова е нашата генерациска борба во која ние ќе победиме и ќе ги задолжиме нашите потомци да го прават истото, да се борат сѐ додека не ја извојуваме целосната победа, а тоа е признавање на нашата држава под уставното име и нашиот идентитет и националност како македонски без придавки, коси цртички или додавки.

Затоа ние повикуваме на бојкот на Референдумот на 30-ти септември, затоа што е најефективен чекор кон поништување на срамниот договор. Успешен бојкот и немање цензус го гарантира политичкиот пораз на оваа срамна влада предводена од Заев, но исто така ќе ги присили нашите идни лидери да бараат можни алтернативни решенија кои ќе придонесат до економски, политички и меѓуетнички просперитет во Република Македонија.

Сашо Маневски

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе