Зaробена држава

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

Ова е единствено прашање за кое сите партии имаат ист став, а тоа е дека македонските граѓани живеат во „заробена држава“. Тоа што сите партии го прескокнуваат, е да кажат од кој и како е „заробена државата“. Но и без да кажат, секој граѓанин знае дека нашата држава е „заробена“ од неколкуте политички партии кои управуваат и раководат со Макеоднија од незиното осамостојување до денес.

Оваа операција на „заробување“ на државата е направена по налог на неколку транзициски олигарси, а е реализирана од неколку професори на Правниот факултет, со поддршка на дел од мрачните служби на државната безбедност.

Првиот чекор е направен за Изборниот законик. Пратениците на кои ние им даваме легитимитет , си донесоа Закон со кој се усвои пропорционален изборен модел, на кој може да се гласа само за политички партии, а не и за личности. Уште пострашно, со истиот закон се уреди дека пратеник не може да биде отповикан доколку граѓаните не се задоволни од неговата работа.

Вториот чекор е направен со измените во Законот за референдум, каде со членот 28 на граѓаните им се одзема правото да одлучуваат за прашања поврзани со изборите и буџетот. Имајќи предвид дека согласно членот 2 од Уставот на Македонија, целокупниот суверенитет му припаѓа на граѓаните, не е возможно со Закон, кој е донесен од пратеници чиј легитимитет произлегува токму од тие граѓани, да им се скрати нивниот суверенитет и да им се одзема правото непосредно да се изјаснуваат за кое било прашање од јавен и општествен интерес.

Третиот чекор е направен со Законот за комитетот за односите меѓу заедниците (Сл.в бр.150/2007) кога се утврдени, верували или не,  40 (четириесет) закони кои за да се донесат во Собранието, треба да се изгласаат со т.н. „Бадинтерово мнозинство“ (двотретинско мнозинство, каде мора да има мнозинство и од гласовите на заедниците кои не се мнозинство во државата). Со други зборови, со алхемијата на дел од професорите од Правен факултет, е креиран Закон со кој на граѓаните им е одземено правото, преку форма на референдум да се изјаснуваат за уште најмалку 40 прашања за кои имаат исклучиво и суверено право да одлучуваат. Иако текстот ќе стане предолг, мора да знаете за што не смеете да одлучувате на референдум - Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за комуналните такси, Законот за даноците на имот, Законот за вршење на занаетчиската дејност, Законот за определувње на имиња на улици, плоштадите, мостовите и на други инфраструктурни објекти, Законот за полициската академија, Законот за воената академија, Законот за правосудниот испит, Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, Законот за личната карта, Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, Законот за матичната евиденција, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за обј авување на законите, другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија", Законот за радиодифузната дејност, Законот за државните награди, Законот за основното образование, Законот за средното образование, Законот за високото образование, Законот за ученичкиот стандард, Законот за основање Државен универзитет во Тетово, Законот за Бирото за развој на образованието, Законот за Академија за обука на судии и јавни обвинители, Законот за просветна инспекција, Законот за културата, Законот за музеите, Законот за библиотеките, Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, Законот за заштита на културното наследство, Законот за празниците на Република Македонија, Законот за научно-истражувачката дејност, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, Изборниот законик кој се однесува во делот на локалните избори, Законот за попис во земјоделството во Република Македонија, Законот за градот Скопје, Законот за стручно образование и обука, Законот за филмскиот фонд на Република Македонија и Законот за народниот правобранител.

Ако не сте слушнале за овој Закон, а сигурен сум дека 99% од грѓаните не слушнале, тогаш не сте можеле да знаете дека неколку професори и пратениците кои вие сте ги избрале, ја „заробиле“ нашата држава и тоа во најдобро чуваниот затвор наречен „квази парламентарна демократија“.

Драги мои сограѓани, добро рече еден поранешен висок државник - „ние политичарите сме како гулабите. Кога сме долу, Ви јадеме од рацете, кога ќе се качиме горе, Ви се сереме врз главите“.

Ние граѓаните, поради ова нема да ги убиваме гулабите, но ќе ги ставиме во „галабарници“ каде што им е местото. За да не ни серат повеќе на главите.

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе