Заблуди и вистини

Внимание: Некои содржини во овој текст може да ги вознемират почувствителните читатели!

Навистина се чувствуваш многу лошо,  кога ќе сватиш колку и самиот си бил во заблуда, за многу работи кои ти биле сервирани од  економско-политичките елити преку нивните гласноговорници и пропагандисти.

ЗАБЛУДА: Се изборивме за самостојна и независна држава Македонија благодарејќи на визијата на Киро, Љубчо, Стојан, Перо, Бранко...

ВИСТИНА: Македонија требаше да биде составен дел на СОЈУЗОТ НА СУВЕРЕНИ  ДРЖАВИ НА ЈУГОСЛАВИЈА,  како што беше вториот дел од референдумското прашање на 8 септември 1991 година. За среќа, Македонија стана независна држава само  поради неразумната политика на Милошевиќ, спротивна на договорот и стратегијата  на големите сили.

ЗАБЛУДА: Љубчо Георгиевски бил носителот на свеста за самостојна и независна држава.

ВИСТИНА: Љубчо Георгиевски беше носител на бугарските национални интереси и на грчките финансиски интереси.

ЗАБЛУДА: Сите македонски политичари се бореле и се борат за унитарниот карактер на државата.

ВИСТИНА: Сите македонски лидери и премиери ја распарчуваа и ја кантонизираа Македонија. Љубчо Георгиевски -  после Групчин не ме интересира.

Бранко - илјадници државјанства на граѓани од Косово, нова територијална поделба

Груевски -  46 закони кои се носат со Бадентерово мнозинство, а немаат никаква врска со етнички или национални права. Воведување на принципот на две влади.

Заев - употреба на албанскиот јазик, писмо и знаме дури и во детска градинка во Гевгелија.

ЗАБЛУДА: Во Македонија се врати соживотот помеѓу Македонците и Албанците.

ВИСТИНА: Поголема поделеност и сегрегација немало во историјата на Македонија. Не постојат школи во кои заедно учат Албанчиња и Македончиња. Се повеќе албански деца не знаат македонски јазик. На прсти се бројат македонско-албански бракови. Во министерство кое го води Албанец и портирот мора да биде Албанец и обратно. Не постои скопјанец кој не зборува за „оваа  и онаа“ страна на Вардар. Не постои Албанец кој не зборува и сонува за голема Албанија.

ЗАБЛУДА: Граѓаните на избори ги избираат „овие“ или „оние“ за да ја водат државата.

ВИСТИНА: На избори излегуваат само 200.000 граѓани кои работаат во државната администрација, 300.000 граѓани кои се дел од нивните фамилии и околу 100.000  кои преку тендери и зделки со државата заработуваат за подобар или полош живот. Еден милион граѓани не гласаат. Тоа значи дека тие сами се избираат или реизбираат. Граѓаните воопшто не им се важни.

ЗАБЛУДА: НАТО ја гарантира безбедноста на Македонија.

ВИСТИНА: НАТО гарантира ако некоја негова членка биде нападната, дека ќе ја брани. Македонската безбедност се растура од внатре. НАТО не интервенира во такви случаи.

ЗАБЛУДА: До наредниот самит на ЕУ добиваме препорака за почнување на преговорите со ЕУ.

ВИСТИНА: Датум за почнување на преговорите може и да добиеме, но членство во ЕУ, никогаш. Прочитајте ја стратегијата за проширување на ЕУ, ако најдете некоја прогноза со дата за евентуален прием на Македонија во ЕУ, тогаш навистина сум бил во заблуда.

ЗАБЛУДА: Економската состојба на Македонија била стабилна.

ВИСТИНА: Економската состојба на Македонија е катастрофална. Држава каде домашната трговијата учествува со 46 % и бизнисот на државата со 20%  во бруто општествениот производ, е осудена на банкрот.

ЗАБЛУДА:  Македонското банкарство било стабилно.

ВИСТИНА:  Македонското банкарство е синоним на сервис на економско-политичките елити врз грбот на граѓаните на Македонија. Македонските банки како никаде во светот законски се поставени над сите други правни субјекти, заштитени со посебни законски решенија со кои безразборно ги крадат граѓаните на Македонија (енормни затезни камати, трошоци на водење сметки, трошоци за евиденција, трошоци за извештаи, постапки пред судови и извршители,...). Во случај на повлекување на депозитите на граѓаните од банките, македонското банкарство ќе се сруши како кула од карти.

ЗАБЛУДА: Македонските граѓани имаат ниски плати, но животот е поевтин од другите држави.

ВИСТИНА: Според индексот на вкупни примања и вкупни трошоци на една фамилија, Македонија е една од најскапите држави во Европа.    

ЗАБЛУДА:  Од  „македончето“ не бива ништо. Не заслужуваме држава. Македонија ќе ја нема.

ВИСТИНА:  МАКЕДОНЕЦОТ БИЛ, Е И ЌЕ БИДЕ. За другите не знам.

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе