За употребата на македонскиот јазик во македонската држава

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

Повод за ова мое пишување е еден очаен повик за отрезнување на македонската јавност за штетите што ќе произлезат од донесувањето на законот за употреба на јазиците, што деновиве со сите сили актуелната власт во земјава се труди да го донесе, како многу горливо прашање, што мора веднаш да се реши зашто „возот ќе избега", што би рекол народот!
Со целиот респект кон парламентарците и нивните заложби за да се спречи донесувањето на овој крајно штетен закон, зашто ќе има последици врз суверенитетот на државата Македонија, но она што е најбитно за опстанокот на државата е фактот дека вакви закони се непотребни, тие се изнудени заради власт, што е крајно неморално и претставува директна и отворена закана за опстанокот на државата.
Секоја држава се карактеризира со јазик, територија, народ, а со овој закон, направен според желбите на иредентистичките аспирации на некои од актуелните политичари, ќе се намали суверенитетот на македонскиот народ. Повикувањата на некави политички договори, направени под притисок, и штетни за опстанокот на земјата, е само непознавање на правото, Уставот, отсуство на љубов кон својот сопствен народ и кон сопствената земја.
Двојазична Македонија значи држава на 2 народа со 2 јазика! Дали за тоа гласаа македонските граѓани!!? Дали за тоа се бореа борците во НОБ, и пред тоа комитите, борците низ вековите? Гинеа млади луѓе, а денес некој си игра држава и ја распродава за лични интереси.
Македонија е земја на македонскиот народ кој нема друга земја освен оваа, а која сега, некои т.н.политичари сакаат да ѝ го скратат суверенитетот и да го дадат на едно малцинство. Кој се осмелува да го дели суверенитетот на својата земја со едно малцинство, кое си има своја земја, каде македонското малцинство вегетира, не живее добро, е под притисоци за асимилација, но и со вечна борба за опстанок! Што прави Македонија за нив!?
Народните избраници да не си „играат играчки" со суверенитетот на земјата и државата Македонија! Кога ќе се изгуби тоа ќе биде и крај за државата, односно, таа ќе изгуби право над целата своја територија!
Затоа, драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија! Бидејќи Македонија е на Македонците и сите други што живеат во неа, но суверенитетот е на Македонците. Иредентистите од западниот сосед и од дома, се разбира, од петни жили се борат да ја поседуваат македонската земја, а ние им ја даваме „на тацна", без борба, а забораваме колку македонска крв е пролеана за нејзиниот опстанок и постоење! Македонија не смее да биде двојазична! Размислете добро, зашто после кога „возот ќе замине", сѐ ќе биде поинаку и неповратно.


Проф.Д-р Марија Зарезанкова-Потевска

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе