Колумна

За спорот

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

Доколку чувствата (и на пониженост, и други) кај страните достигнат доволно висок интензитет, решавањето на спорот станува невозможно, независно од рациото.

Во таков случај единствена можност е интервенција од трета страна, авторитет за двете споменати страни. Парадоксално е што со таа интервенција веројатно ќе бидат подеднакво понижени двете страни, па на таков начин ќе се воспостави рамнотежа на двете страни и ќе се отвори можност за постигнување решение по принцип на рамноправност!

Се разбира, може и да се сочека доволно време за споменатите чувства да исчезнат кај живите носители на спорот (и кај сведоците на спорот), но – прашање е дали оваа можност би се квалификувала како решение на спорот.

Горенаведеното би важело за секој спор на кој би помислиле додека го читате текстов.

Виктор Димитров

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе