За продавањето лаги и велешките работи

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

Фала ви господине Морган Фримен, не само за одличниот документарен филм во најава (Selling Lies - „Продавање лаги“), туку и затоа што благодарение на овој филм вие поставивте патен знак за градот Велес на светската карта - а со тоа и патен знак за  Македонија. Што значи ова? Значи еден куп работи, и повеќето се добри, затоа што, се вели, и лошиот публицитет е добар публицитет. 

Во однос на Велес и Македонија, документарецот на Фримен е како шекерната статуетка со младоженци што се наоѓа на врвот на свадбарската торта. Зошто ваква смешна аналогија? Затоа што документарецот на еден начин направи свадба за македонската дарба за брзо учење, и желбата за учество во глобалните текови. Не мора човек да го види тоа на филм за да знае дека е така.

Колку нови, млади компании има во Македонија што работат со меѓународни клиенти? Повеќе отколку што ќе си помислат оние што не се упатени. Ако генерализираме, повеќето луѓе реално и немаат јасна претстава за мноштвото аспекти на економијата, и тоа дека овде се вршат дејности што се ниво на поим за остатокот од нашава економија. Едноставно, после долги години стара, транзициска економија, Македонија седна во возот на глобализација што го обиколува светот секојдневно. Сепак, во тој воз можат да се надоврзат уште десетина македонски вагони.

Самата најава за филмот „Продавање лаги“ ја сметам за добар публицитет за нашата земја што може да оди во прилог на глобализирањето на македонската дарба. Тој публицитет претставува потрошлив ресурс и затоа треба да се искористи и одржува.

И претходно градот Велес доби признание од Си-ен-ен и неколку други познати мас-медиуми од САД и светот. Така се случи да непознат број млади индивидуалци од Велес преку нивното текнувало за генерирање текстуални содржини на разни теми, успеаа да повлијаат врз образувањето на јавното мислење во корист на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, и неговиот гласачки контигент.

Со заобиколување на каков било морален разгиб на прашањето за лажните вести, овде нѐ интересира да увидиме дека момците и девојките од Велес успеаја да издлабат жлеб во врутокот од информации што грга секојдневно на глобално ниво. Сите сме бомбардирани од вести и информации, а некои компании се дебело платени за да го држат вниманието вперено во одреден пазарен сегмент, политичка ориентација или кауза. Значи, Велес успеа да пушти своја струја во тој вруток, а таа струја си го најде својот крај. Признанието е во вестите и во овој филм.

Нејсе, великаните веќе се во војна против лажните вести и извесно е дека обемната регулација на интернет сообраќајот ќе ја стивне политичката жолта штампа до безначаен шум, барем што се однесува до САД и Европа. Тоа не значи дека велешките мајстори на занаетот ќе го загубат пазарот, туку дека тие и сите останати во Македонија имаат добра отскочна штица за живот од интернет, благодарение на „лошиот” публицитет.

Ако веќе не размислуваат така, еве еден добар муабет. За да има просперитет во земјава, потребно е да се дигне нивото на игра во трговијата, производството и услугите. Мајсторите од Велес треба си нарамат артефакти за интелиџенс.

Старата слава е добар ресурс, но брзо се заборава кога ѕвездата не остварува нови подвизи. Или инаку кажано, сите оние што лизнале од колачот сега треба да го искористат искуството и да се покажат како добри извршувачи. Одредена група индивидуалци ќе успеат да најдат ниш, односно жлеб во нови предели подалеку од лажните вести. Видикот е широк и возбудлив бидејќи што сѐ веќе не е во зачеток или веќе постои: далечинско читање рентген снимки, онлајн психотерапија, лабаратории за генетско читање на хаплогрупи, архитектонски цртања, бизнис процес аутсорсинг, дентален туризам, продажба, секако програмирање и дизајн, и ред други дејности.

Но ништо не треба да се остави на случајности. Репутацијата треба да се брендира и секој добар чинител ја понесува таа одговорност преку првокласно ребрендирање на старото лажноисториско руво во онакво што ќе прикаже нови луѓе што работата и плановите ги гледаат на долги патеки. Тоа второто денес подразбира не само проширување на опусот, туку и на окото со кое се набљудува сопствената култура и начините на функционирање. Тоа е секако потребно за да младите велешки занаетчии не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

Битно е да се каже ‘напред’ затоа што денес погледот напред е надвор од кругот во кој постоиме. Тоа ќе каже дека тоа што човек знае да го работи, денес може да се продава низ целиот свет. Издигнувањето на поединецот што е евидентно овде го има исто така и во Африка, Индија, Пакистан и во други земји што нас во Македонија не ни се во паметот. Секако, цела низа земји се веќе „таму“ и функционираат глобално во дејности што можат да бидат поддржувани и раководени од овде.

Покрај сево ова, има уште битни факти: како тоа дека луѓето низ целиот свет сакаат да штедат и сакаат да имаат соработка со сигурни, професионални и пријатни луѓе; тоа дека треба да се учи комуникација и треба да се знаат јазици; тоа дека огромен процент од новите компании не успеваат после првата или втората година - и дека зборот „разочарување“ треба да се избрише од вокабуларот.

Во меѓувреме, секој треба да ја впие во паметот изреката „делувај локално - мисли глобално“ и да го прави своето во нашата локала: да формира неформални здруженија и да зборува за предизвиците, да пренесува знаење, да зема под свое крило младите, и да го создаде и одржува синонимот на Македонија со добро завршена работа преку интернет.

 Мартин Анастасовски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе