За политикантството на академик Камбовски

Повод: Изјавата на академикот за одлуката да се акредитира универзитетот „Свети свети Кирил и Методиј" од Велико Трново, Бугарија.

 

По  даденото одобрение на Владата за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа на Великотрновскиот  универзитет „Свети свети Кирил и  Методиј“ од Велико Трново, Бугарија, на територијата на Македонија, а по претходно позитивно мислење на Одборот за акредитација на високото образование, чиј претседател е академикот на МАНУ Владо Камбовски, истиот на незаконски и неетичен начин дава изјава.

Камбовски потпишува позитивно мислење од „стручната комисија“ и по тој повод изјавува дека: „Наставата ќе се одвива на бугарски јазик, но мора  да обезбеди настава и на македонски јазик. Тоа од една страна значи и признавање на македонскиот јазик“. Ова е изјава  од човек кој бил професор по право, односно, по Кривично право, бил претседател на највисоката научна македонска институција МАНУ.

Само да го потсетам овој академик за елементарното непознавање на Законот за високо образование? Што се крие во неговата изјава, поконкретно неговото политиканство.

Господине Камбовски, во нормална правна држава, за ваквите ваши недоквакани изјави, веднаш треба да бидете разрешени од оваа функција претседател во Одборот за акредитација на високото образование. Воедно треба и да се расправа во МАНУ за вашиот неетички кодекс, несериозен приод и елементарно непознавање на Законот за високо образование. Во членот 25 од Законот за високо образование, во став 1 пошува: „Странска високообразовна установа, на која ѝ е признато правото да врши високообразовна дејност, односно е акредитирана за вршење на високообразовната дејност во земјата во која ѝ е седиштето, врз основа на одобрение од Владата на Република Македонија, по претходно мислење од Одборот за акредитација на високото образование, може на некој од светските јазици да врши високообразовна дејност на територијата на Република Македонија“.

Камбовски (намерно не ја ставам придавката академик) светски јазици? Бугарскиот јазик не е во таа категорија. „Мало сутра“, што би рекол пријателот на Ксмбовски, премиерот Зоран Заев.

Со ваквиот арогантен однос, недоквакана изјава, го потценуваш и омаловажуваш македонскиот народ. Но политиканството на Камбовски е прочитано. Со ваквата изјава се девалвираш, исмеан си од ректорот на Великотрновскиот универзитет. Девалвирана е и МАНУ која треба да расправа за ваквиот однос и за овој непрофесионален приод и непочитување на етичкиот кодекс.

Македонската јавност треба да знае за вашето делувањето по пензионирањето?

Камбовски активно учествува во разни матични комисии за формирање на приватни универзитети, а е ректор на приватниот ФОН универзитет. Со право академската фела го поставува прашањето. Дали академикот Камбовски има контрола врз акредитирање и реакредитирање на студиските програми на универзитетите (факултетите)? Зошто Камбовски го штити приватниот универзитет ФОН-Скопје? Дали се акредитирани студиските програми на англиски јазик на овој универзитет? Да,за ова треба да одговори токму Камбовски. Што сте презеле за незаконитостите на овој (твој) универзитет? Дали има соодветен наставен кадар согласно ЗВО? Јас велам дека нема. Кои се странците на овој универзитет? Што е со огромниот број студиски програми кои се заглавени во постапките за (ре)акредититација во Одборот, а со кои безочно се блокира работата на некои  од непривилигираните факултети? Како ќе се акредитира новиот Правен факултет на универзитетот „Мајка Тереза“- Скопје без соодветен наставен кадар или студиска програма по царина-шпедиција и осигурување, на овој политички универзитет?  Камбовски, треба за ова да одговорите. И да носите одговорност за овој образовен криминал во високото образование во Македонија. Ова се очекува како член на  МАНУ затоа што во спротивно ги кршите и нивните правила и етички принципи како највисока научна институција во државата.

На крај ќе ја цитирам пораката на нашиот македонски идеолог Гоце Делчев: „ Јас не познавам друг народ кој повеќе страда од предавството на своите синови-изроди како македонскиот. Историјата  не памети друг таков пример кога еден народ по традиција, јазик и вера  се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа...“.

Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе