За кандидатите за ПРСМ, за Шутка - Будимпешта....

Крајно време е СДСМ да го објави својот или консензуален кандидат за претседател на државата.

Апел до СДСМ - објавете го конечно кандидатот за ПРСМ! Доста анализирате, дебатирате, калкулирате(?)... Дали ќе биде само на СДСМ, дали „заеднички/консензуален со ДУИ“ , дали „коалициски со други партии од македонскиот и албанскиот корпус“... не е важно. Важно е да го објавите. Крајно е време. Досега „независните медиуми“ ги „храните“ со четири можни кандидати. Амди Бајрам и Гордана Силјановска – Давкова почнаа со собирање на (10.000) потписи, а владеачката партија упорно се држи до најавата дека на 3 март, на конгресот, ќе бил познат кандидатот. Објавивте и јавен повик за кандидирање. Ете, да не се разликувате од „противникот“. Тоа стана веќе политички став (и однесување ?) на СДСМ.

Иако е многу лично прашање и не би требало да го споделувам јавно, сепак, во контекст на овој апел, ќе изјавам дека во сите досегашни избори сум гласал за СДСМ. Меѓутоа, кога ќе ги слушнам имињата на „четирите најсериозни кандидати“, ми се наметнува прашањето, особено ако како кандидат ќе биде избран еден од две лица (од тие четири), дали воопшто да гласам, или, пак, за првпат, да ставам потпис (и да гласам?) за некој од двата кандидати кои веќе почнаа со собирање потписи (Амди и Гордана). Би имал многу работи да изнесам зошто за двата од (можните) четири кандидати не би гласал, но нема тоа јавно да го направам. Иако не е пресудно во таа одлука, сепак да споменам дека кога ги преземаа функциите побарав куси работни средби со истите, и еве и после 1,5 година не најдоа време тоа да го реализираат. Добро, можеби зафатеност поради НАТО членството? Па, реформите чекаат, а не некој си... Доколку им се отвори простор за една куса, работна (и ненавредлива) средба, лично ќе им ги кажам причините зошто нема да гласам за нив доколку бидат избрани како кандидат (на демократскиот, нели, конгрес). 

И една мала дигресија, но сврзана со изборите. Многу „интересна“ за нашата вкупна демократска состојба и амбиент. Пред еден месец на ТВ дебата, директор на една невладина организација, која заедно со една национална ТВ изработиле анкета за рејтинзите на можните кандидати за ПРСМ, истата ја презентираше на јавноста. После десетина дена истиот директор на НВО (и анкетарот), во една слична дебата на ТВ изјави дека негов фаворит бил X.Х. (со име и презиме) - бидејки се познавале од студентски денови. После таква изјава на директорот/анкетарот дефинитивно престанав да верувам во „анкети за рејтинзи“.

Деновиве сведоци сме на многу немил настан во Шутка и различни толкувања што и како се случило со двајцата поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Дали бил спонтан инцидентот или нечие сценарио е прашање, а имаше и меѓусебни обвинувања меѓу двете најголеми политички партии. Кога ја слушнав информацијата, а и денеска, единствено што ми паѓа на ум е дека конечно на Будимпешта (а и пошироко) ѝ пративме јасен абер дека нема шанса за екстрадиција на лицето Н.Г., а можеби и други потенцијални „политички азиланти“. Слушнавме дека во Скопје ќе имало истрага и извештај за настанот... Уште една победа на Будимпешта или...?         

Александар Тавчиовски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе