За кампањата на претседателските кандидати и (нешто) за НАТО

Имаме трojца сериозни претенденти за функцијата претседател на Република Северна Македонија. Тројца професори.

Еден профилиран како НАТО експерт (Пендаровски), втор како експерт по уставно право и политички систем (Силјановска – Давкова) и трет како ЕУ експерт (Река). Иако оваа моја квалификација е поедноставена и секако не ги опфака сите нивни други области на познавање, сметам дека профилите се значајни и ја одразуваат нашата актуелна и идна реалност. Оттука очекувам, а и поради нивниот бекграунд, кампањата да биде културна, цивилизирана и максимално ориентирана кон сегашноста и, пред сѐ, иднината на државата. Се надевам дека ќе одолеат или барем ќе ги минимизираат влијанијата на партиите кои застанаа зад нивната кандидатура, а кои би биле насочени кон „удари“ за ,противникот. 

Несомнено дека ЕУ членството претставува цел која е од исклучително значење за граѓаните. Но, освен што е тоа далечна цел, постојат два битни фактора кои имаат влијание врз роковите кога тоа би станало реалност: 1. Нашата подготвеност и политичката воља да ги спроведеме (болните) реформи, како и 2. Што ќе се случува со/во  ЕУ, како и во рамките на секоја членка на ЕУ. 

Секако, многу е важно што побргу да добиеме „зелено светло“ и да не стават „на ЕУ шини“. За наше добро. Меѓутоа, и на двете прашања функцијата ПРСМ нема директно влијание (не би сакал да помислувам на можно негативно влијание).

Изминатите години често сум реагирал кога сум слушал политичари да зборуваат само за нашето ЕУ членство. Некако по инерција го изумуваа НАТО членството. Кога сум бил во можност, сум укажувал дека зачленувањето во НАТО е процес кој пократко трае и дека е исклучително важен за државата. И еве се случува. Дури (позитивно) ме изненадува брзината со која (досега) се одвива ратификацијата во националните парламенти. Да се надеваме дека тоа така и ќе продолжи.

Меѓутоа, некако, имам чувство, дека ги изненади и владините структури. Иако не се од круцијално значење, сепак би укажал на неколку, по мене, пропусти.

На пример, и во нашите официјални изјави, се користи изразот „НАТО злијанса“. Согласно Вашингтонскиот договор од 1949 (актуелен, и кон кој треба да пристапиме), името е НАТО  (North Atlantic Treaty Organization), или „Организација на северно-атлантскиот договор“,  а изразот „алијанса“ (Alliance), односно „Сојуз“, се користи колоквијално, имајќи ги предвид базичните постулати на Вашингтонскиот договор каде државите, „страните кон договорот“  де-факто и де-јуре стануваат сојузници. Мислам дека во нашата јавност (можеби и кај некои политички фактори) постои прашање за референдум пред пристапувањето во НАТО. Веројатно поведени од чл. 120 од Уставот („предлог за стапување во сојуз или заедница со други држави...“, а и поради користењето на поимот „алијанса - сојуз“. Формално, како што и самото име укажува, НАТО е организација. И тука сметам треба да се примени чл. 121 од Уставот (одлука за стапување во членство или за истапување од членство во меѓународни организации донесува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници). Токму на ова прашање ја гледам улогата на професорката по уставно право.

Не сум ги следел досегашните процеси на ратификација на протоколот на другите (сегашни) членки на НАТО. Но, лично сметам дека нашата пракса при ратификација во парламентите на други држави да испраќаме високи државни претставници (во најмала рака) делува невообичаено. Не само поради инцидентот што неодамна се случи во еден парламент. Дури би можело да се разбере и како некој вид на притисок врз парламентарците при нивното гласање.

Процесот на ратификација оди моше забрзано. И тоа е добро. Меѓутоа, во седиштето во Брисел РСМ нема амбасадор. И деновиве се подготвува втор или трет по ред (на 6 месеци) вршител на работите во Постојаната мисија. Верувам дека останатите 29 амбасадори на масата (и ген-сек на НАТО) имаат разбирање за нашите „специфики“ и нема тоа да го разберат како наша „незаинтересираност“.

Вообичаено е државата кога аплицира за членство во НАТО да формулира (кусо) и да презентира две работи: Што очекува државата од членството во НАТО? И што и како државата ќе придонесе со членството во НАТО?

Лично, одговорите ми се познати (претпоставувам), но не сум ги слушнал јавно (можеби сум ги пропуштил) тие одговори. Тие изјави не се класифицирани, јавни се.

Во нашата држава постои воспоставен „џентлеменски договор“ кои самити на меѓународните организации ги „покрива“ претседателот, а кои премиерот. Бидејќи претстојното членство во НАТО е ново зачленување, дали постои веќе договор и за ова прашање?

Сепак, лично, како најголем пропуст сметам дека е, освен неколку флоскули (безбедност; стабилност; странски инвестиции; седење на иста маса...) што најголем број граѓани (не по нивна вина) немаат ама никакво познавање за НАТО – и покрај долгите години на чекање да добиеме покана за членство. Освен политичарите, вина за тоа оди и кај новинарската фела. Познат ми е случајот од неколку „нови членки“ кои имаа развиено детална стратегија како  НАТО да го доближат до граѓаните. Некои ќе кажат (оправдано) дека кај нас поддршката за НАТО е меѓу највисоките. Да, но познавањето за НАТО веројатно е меѓу најниските.   

Александар Тавчиовски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе