Зa изборниот модел

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

На почетокот на оваа година во моите  колумни пишував за основниот проблем на македонското општество, изборниот модел. Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

Со неколку збора, пропрционалниот изборен модел  Македонија ја претвори во диктатура на три политички партии. Сите знаеме дека во диктаторските  системи нема ни Д од демократија, ни П од правда, ни О од образование, ни С од социјала... Овој изборен модел овозможи автократско владеење на лидерите на трите политички партии (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ). Тие ги диктираат листите за кандидати за пратеници, пратениците потоа бираат: влада, судии, гувернер, антикорупционери, разузнувачи...

Во последно време се отвори дебата за можностите за промена на изборниот модел. Се нудат разни модели и се нудат аргументи за и против истите. Сите понудени верзии се базираат исклучиво на една логика –  интересите на политичката елита на партијата. Никој не ни помислува за интересите на единствениот суверен – граѓанинот.

Македонија според својата големина, нивото на општествено-економскиот и социјалниот развој има само една опција. Мнозински изборен модел. Македонските граѓани треба да ги претставуваат 90 пратеници, кои ќе бидат непосредно бирани од граѓаните во 90 изборни единици, секоја со по 20.000 гласачи. Овој изборен модел треба да биде пропратен и со законски измени, во кои пратеникот ќе може да биде отповикан од граѓаните во неговата изборна единица, доколку за тоа се изјаснат над половина од избирачите во изборната единица.

Измени треба да претрпи и изборот на советници во општините, кои мора да се бираат  на отворени листи и со можност за нивно отповикување од страна на граѓаните.

Во исто време треба да направат и измени во законската регулатива, за непосреден избор од страна на граѓаните, на претседателите на оснонвите судови и началниците на МВР на општинско ниво.

Правото на референдум за СИТЕ ПРАШАЊА од интерес на граѓаните, мора да биде загарантирано со Устав.

Само на овој начин Македонија за кратко време ќе се справи со тешката болест наречена корупција, безаконие, криминал, хаос во образованието, здравството и економијата. Закрепнувањето ќе биде брзо, бидејќи овие процеси ќе ги конторлира најпаметниот и некорумпираниот суверен – ГРАЃАНИНОТ.

Многумина ќе прокомнтираат: ма ајде, оваа е невозможно; кој ќе дозволи да се случат вакви промени; па знаете со кој си имаме работа; добро звучи, но како да се реализра...

Едноставно. Во целиот универзум сите промени настануваат поради само една причина. Критична маса. Во Македонија се создаде критична маса на граѓани, кои не можат повеќе да ја трпат пародијата наречена, си играме држава. Поминаа три децении како оваа пародија ја плаќа само и исклучиво граѓанинот.

За среќа на граѓаните, доаѓа времето на овие промени, а транзициските профитери и т.н. политички елите ќе заминат во историјата. Отворено за дебата.

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе