Колумна

За ЕУ да напредува, Британија мора да замине

Неуспехот на Обединетото Кралство да го разбере потребното дај-ми-на-ти значи дека овој однос отсекогаш бил осуден на пропаст.

До неодамна бев цврсто за останување и верував дека најдобриот начин за излез од овој брегзит-хаос за ЕУ е едноставно да проба да осигури дека тој нема да се случи. Но настаните од минатиот месец покажуваат зошто, со право, во Брисел постои растечко расположение за еден сосема поинаков исход: за ЕУ да напредува, Британија мора да замине.

Причината е едноставна, брегзитот е - сега или во не толку далечна иднина - неизбежен. Тоа е затоа што Велика Британија продолжува да бара невозможни услови за своето членство во мултинационалната организација што ја претставува модерната ЕУ, базирана на заедници и водена од компромиси. Дури и додека се обидува да излезе, Велика Британија сè уште се расправа за „црвените линии“ што самата ги предизвикала. Овој пристап само ќе се засили ако таа сепак некако остане во ЕУ.

Велика Британија веќе ужива привилегирана позиција во ЕУ, на разочарување на многу други земји-членки. Неучеството во еврозоната, во шенген-договорот за патување без пасоши, во повелбата за фундаментални права и во ниеден европски законски акт во врска со слободата, правдата и безбедноста, за сето тоа преговараа последователните британски премиери.

Европските дипломати се огорчени од тоа дека оваа ситуација во Британија сè уште се прикажува како монструмот на една ЕУ-супердржава. Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, најдобро го објасни тоа кога рече дека Британците „кога беа внатре сакаа да не учествуваат во многу работи, сега кога се надвор сакаат да учествуваат во многу работи“. Оваа ситуација ја попречува идната компактност на ЕУ; го забавува донесувањето одлуки, го отежнува поставувањето значајни цели и дејствува како кочница за значајните реформи.

Од историска и политичко-економска перспектива, брегзитот е неизбежен. Уште од славниот говор на Маргарет Тачер во Бриж од 1988 година, каде што постави визија за Европа базирана на „доброволна соработка меѓу суверени држави“, Велика Британија и ЕУ се како брачна двојка што сè повеќе живее одвоено. А вината тука е кај обете. Велика Британија, најмногу под лабуристите од 1997 до 2010 година, го живееше митот дека Велика Британија би можела да има членство во ЕУ, но да остане настрана од нејзиниот развој. Брисел не сакаше да признае дека вистинската љубов одамна поминала.

Британските ставови за ирското гранично прашање се добар пример за тоа дека Велика Британија не ја разбира ЕУ ни на најосновното ниво. Резервната варијанта, која е дизајнирана да спречи повторно воспоставување цврста граница меѓу Ирска и Северна Ирска, не е ниту да се заглави Обединетото Кралство во постојан аранжман, ниту обид тоа да се растури. Широко распространетиот британски став за оваа варијанта покажува длабока недоверба кон институциите на ЕУ и нивната улога во заштитата на интересите на земјите-членки и одржувањето еднакви услови на игра.

Друг пример е познатиот британски „рабат“ од буџетските придонеси кон ЕУ. Ако брегзитот сепак некако биде спречен, од другите земји-членки нема да има поддршка за овој рабат да продолжи. Иако непријавено во Британија, темпото на тековните преговори во Брисел за следниот буџетски период (2021-27) напредува. Дефицитот (12-15 милијарди евра) предизвикан од излегувањето на Велика Британија ќе предизвика повисоки придонеси од другите земји-членки. Многу повеќе пари ќе бидат давани за новите приоритетни области како што се граничната контрола, истражувањето и развојот и за климатските промени.

Велика Британија никогаш не сфати дека придонесувањето во буџетот на ЕУ не е комерцијална трансакција, туку инвестирање во мир, стабилност и раст токму на вашиот праг. Факт е дека, без Британија, ќе се олесни внатрешното функционирање на ЕУ, вклучувајќи го и договарањето за што да се трошат парите.

Но тука лежи суштината на проблемот за Британија. Легалистичкиот модел на интеграција со споделени суверенитети, отелотворен од ЕУ, успева само затоа што земјите-членки ги гледаат поголемите, некогаш речиси непроценливи придобивки од членството. Можеби самитите на Европскиот совет во Брисел се карактеризираат со жестоки дебати за миграцијата, Русија и популизмот. Европската комисија можеби ги повикува на одговорност Унгарија или Полска за реформите што ја загрозуваат демократијата. Но ниту една од овие дебати не го доведува во прашање поширокиот интегритет на проектот ЕУ.

Британија денес - од блескавите кули на градот Лондон до рѓосаните котлиња на велшките долини - е микрокосмос на предизвиците со кои се соочуваат сите постколонијални сили. Но додека Франција и Германија ја гледаат европската интеграција како механизам за обезбедување мир и оптимизирање на својата глобална улога, неуспешниот однос на Британија со ЕУ покажува дека таа сè уште трага по вистинскиот израз за нејзиното место во светот.

Иднината допрва ќе се пишува, но за Британија и Европа едно решение е очигледно: развод без барање виновници, проследен со почит и пријателство. Впрочем, семејствата се комплицирани, а пријателствата со заемен ќар не толку.

Автор: Еоин Дреа

Извор: Гардијан

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе