За елементарен ред во државата потребна ни е ЕУ

Кога Македонија би можела сама да си помогне, тогаш не би ѝ бил потребен „старател".

Истото важи и за целиот регион, а тоа се случува поради тоа што покажавме и докажавме дека не сме способни самите себе да се уредиме и водиме напред. Заради тоа, за жал, потребен ни е некој од страна што ќе ни помогне во тој процес. А дали власта се злоупотребува, дали ќе има домашен или странски „окупатор", нема никаква разлика. Главната причина е тоа што власта е узурпирана. Ние, за жал, немаме сила да се избориме со тоа, а немаме  ни моќ за да се уредиме самите. Ние сме премногу слаби и затоа и ни се уриваат сите институции и тоа нема никаква врска со Американци или со Руси. Едноставно, тоа има врска со нас. Го уништивме образованието, здравството, судството, моралот, законот, па така, некој мора да ни помогне. Европската Унија веќе не е тоа што беше, а да би била она што некогаш беше, тогаш со голема веројатност би ни помогнала во овој процес, како што и претходно ни помагаа некои други во тој процес на еманципација.

Сега ЕУ е во сериозни кризи и знак прашалник е дали членството во таа Унија за нас би бил спасот, а секако би било позитивно. Ние, денешнава генерација, научивме да ги слушаме странците повеќе од себе. Така кога одиме во некоја европска земја, не кршиме сообраќајни закони и не фрламе ѓубре каде ќе стигниме, а штом се вратиме дома, толку сме недисциплинирани и невоспитани што сите реки и речни корита ги затрупавме со ѓубре, па затоа имаме и толку поплави.

Така да, за да се воведе елементарен ред што е неопходен, мора некој да ни помогне. Единствен кој постои и е спремен да помогне е ЕУ. Ние сме држава со западна демократија и култура. Во моментов не само што нема демократија, туку нема ни елементарна пристојност, ние се лажеме самите себе, лажни дипломи, лоши државни универзитети и за тоа не ни се виновни Американците. Нашиот однос кон ЕУ е тоа што за Македонија е единствен избор затоа што се покажа дека не сме подготвени како народ да повлечеме линија и да тргнеме напред.

За многу луѓе во оваа држава, посебно за важни функционерски позиции, не само во политиката, туку и во сите области, Македонија им е како крава за молзење, тоа значи дека од неа вреди да се земе сѐ што има. Одземи сѐ што има, потроши сѐ што има, уништи сѐ што има, а што ќе биде со самата Македонија нас не нѐ интересира затоа што Македонија не ја сакаме. Најдобрите деца ни заминуваат од државата и ние не правиме ништо. Ние се радуваме на тоа затоа што кога ќе заминат најдобрите деца и нема кој да ни се спротивставува на политиката што ја продаваме тука. Со прст не мрдаме да им создадеме шанса за оваја земја.

Е затоа ни треба ЕУ. Таа не е идеална, но се надевам и се молам да биде во состојба да ни помогне затоа што сами не можеме. Се покажа дека ЕУ нема некое волшебно стапче и дека ни во Бугарија ни во Романија не е ништо подобро. Во тој поглед се пaлшам, но немаме друга опција. Ако Македонија сака да биде како Русија т.е да има мал број на богати, а голем број на сиромашни, тогаш тоа не е мој избор.

Стеве Јанчески

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе