Погледот на Иран

Војна, повторно во Сирија

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

Турција со месеци изразува загриженост за безбедноста на нејзината јужна гранична зона, и врз таа основа објави дека со својата воена операција има за цел да ги протера трупите на Курдските единици за одбрана на Народот (ЈПГ) од регионот, создавајќи тампон зона од 480 км и длабочина 30 км во која ќе смести 2 милиони сириски бегалци. До турската воена инвазија дојде веднаш по одлуката на Доналд Трамп да ги повлече американските трупи од североисточна Сирија и да и покаже зелено светло на Турција. 

Кратко време потоа, сириската армија започна голема воена операција во неделата навечер, 13 октомври, по договорот со „демократските сили“ предводени од Курдите, и успеа да стави под контрола делови од североисточниот регион, вклучително и Тел Тамер, Аин Исса, Манбаџ и др. Додека турските сили тврдеа дека ги имаат под контрола областите во североисточниот граничен појас, вклучувајќи ги градовите Тел Абид и Рас ал Аин, некои извештаи укажуваа на продолжување на борбите меѓу двете страни во областа.

Воената инвазија на Турција во Сирија се соочи со огромни меѓународна реакции. Многу земји во светот го осудија чинот или изразија спротивставување. Европските земји и Европската Унија го изразија своето незадоволство и предупредија на последиците од дејството на Турција, повикувајќи на прекин на судирите. На нивниот самит во Луксембург минатиот понеделник, тие ја осудија Турција и воведоа забрана за извоз на оружје во земјата. И американските власти, исто така се спротивставија на едностраното дејствување на Турција, повикувајќи на итен прекин на операциите. Тие воведоа санкции против Анкара и изразија подготвеност за некаков вид на посредништво помеѓу Турција и Курдите во регионот. Во меѓувреме, Доналд Трамп се најде под остри критики, особено внатре во САД. За прв пат во историјата, двете најголеми партии постигнаа политички консензус против претседателот на САД за многу брзо време. Тие остро ја осудија одлуката на Трамп да ги повлече американските трупи од Сирија и да им сврти грб на поранешните сојузници, и таквата одлука ја третираа како главна причина за конфликтот и војната. Распространетиот и невиден напад на „демократските противници“ и „Републиканските сопартијци“, ја влошија уште повеќе позицијата на Доналд Трамп, кој и претходно беше обвинет за скандалот за „вмешаност на Украина во домашната политика“ и „злоупотреба на моќта за лична корист“ и ги трпи притисоците на истрагата на демократските членови  на Конгресот за неговиот импичмент.

Турската влада објави дека ќе ги продолжи воените операции сè додека не ги постигне своите цели и ја заземе целата гранична линија наменета за создавање тампон-зона. Од друга страна, стапувањето на сириската армија на сцена и преземањето на контролата врз голем дел од регионот ги поремети воените интеракции и го отежна напредокот на Турција. Во некои области се сретнаа турските и сириските сили, а ризикот од воено соочување меѓу нив ги зголеми стравувањата од евентуалната ескалација на војната и нејзиниот крај. Сириските владини сили исто така рекоа дека ќе ги продолжат своите операции сè до воспоставувањето на целосна контрола врз североисточните делови. Поради оваа војна стотици лица се убиени, а стотина илјади други се раселени во регионот. Од друга страна, голем број припадници на ИСИЛ избегале од затворот во Аин Аисса, предизвикувајќи загриженост дека терористичката група може да заживее. Комплексноста и испреплетувањето на воените операции во регионот и проценките за балансот на силите, покренаа многу сомнежи за иднината на оваа војна и ја зголемија постоечката загриженост.

Загриженоста на Турција за безбедноста на нејзината јужна граница е разбирлива, а Турција, како и секоја друга земја, треба да размисли за решение. Но, воените операции не се соодветен начин за решавање на овие проблеми и не може да обезбедат сигурност за никого. Исламската Република Иран се спротивставува на секоја воена акција за окупација на територии на други земји и тоа го смета за потенцијална опасност. Североисточниот регион припаѓа на Сирија и треба да го контролира сириската влада. Присуството на американски сили во овие области, како и другите сили, не може да се прифати. Инвазијата во Сирија мора да заврши и постоечката загриженост треба да се разгледа во рамките на Договорот од Адана и преку дијалог и дипломатија, со тоа што ќе се сочува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и ќе се гарантира безбедноста на јужната граница на Турција. Меѓународната заедница треба да ги насочи своите напори во овој правец.

Објаснувачко соопштение од Амбасадата на Исламска Република Иран во Скопје

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе