Во Охрид расте бројот и на домашните и на странските туристи

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

Охрид 2019 е сосема друг град, поразличен, модерен, со поинаква структура на посетители и гости, со понуда и туристички содржини... од оној Охрид што го знаевме една деценија предходно.

Со сите свои подеми и падови, со сите предизвици со кои се соочи минатата деценија денес забрзано чекори напред.

Безвизниот режим кој почна во 2009 година кога се отворија границите на земјава и македонските граѓани почнаа сѐ повеќе и повеќе да ги одбираат за одмор странските туристички дестинации, особено соседните земји, лошата медиумска кампања која се водеше против Охрид, државната поддршка на туризмот за привлекување на странски туристи преку разни промотивни кампањи по светски познати медиуми, субвенции за странски туристи, учество на светски познати саеми... направија „тектонски" поместувања и изменување на туристичката слика на градот.

Ако пред 10 години Охрид беше главна дестинација за одмор на домашните туристи, а во многу помал број и на странските гости, сега сликата е сосема поинаква.

Домашни туристи:

2007: 123.854

2008: 139.643

2009: 122.258

2010: 105.213

2011: 102.730

2012: 99.850

2013: 92.637

2014: 88.118

2015: 94.476

2016: 107.351

2017: 115.025

2018: 117.734

Според погоренаведените податоци добиени од Државниот завод за статистика можеме да забележеме големи промени во однесувањата на домашните туристи. Од 2009 година, па сѐ до 2014 година во Охрид е забележан најголем пад на домашните туристи. Тука како клучни години ќе ги наведам 2012 кога за првпат бројката на домашни гости паѓа под сто илјади и 2014 година која всушност е најлоша година кога градот го посетиле само 88.118 домашни гости.

Наредните години контунуирано почнува да доаѓа до пораст на домашните туристи и постепено да го враќаат интересот за Охрид. Така, во 2016 е надминат оној праг од сто илјади. Минатата година градот го посетиле 117.734 домашни гости.

Периодот 2008-2014 година има намалување кај домашните туристи од дури 58% додека наредниот период 2014-2018 доаѓа до зголемување од 33%.

Странски туристи:

2007: 57.456

2008: 62.461

2009: 67.441

2010: 59.896

2011: 75.547

2012: 83.485

2013: 98.867

2014: 109.078

2015: 125.468

2016: 127.010

2017: 160.588

2018: 178.312

Од статистичките податоци за странските туристи можеме да забележеме постојан пораст на странските туристи. 2007 споредено со 2018 кај странските туристи имаме неверојатен пораст од цели 210%. Охрид по растот на странски туристи е на прво место во Европа.

Тендецијата на пораст кај странците продолжува и оваа 2019 година.

Кај стручната јавност се јавува дилемата дали воопшто ни е потребен ваков масовен туризам за кој пак и покрај големите бројки, податоците покажуваат и дека нема многу големи приходи и дека потребно е да се насочиме кон побогатите туристи. Тука би рекол, полека! Сѐ ќе дојде на свое место. Прво треба да нѐ запознае светот, да ја збогатиме понудата и сѐ ќе дојде на свое место. Реално, до сега не бевме подготвени за т.н елитен туризам. Нека течат работите природно, сами по себе и полека.

Последниве години се вложува многу во туризмот во Охрид. Кога ќе бидеме целосно подготвени богатите туристи ќе го видат тоа и ќе почнат да доаѓаат.

Гледаме дека забрзано се градат нови и модерни хотелски капацитети и ресторани. Постоечките се реновираат и реконструираат, се воведуваат и нови содржини како базени, спа центри... Се градат современи вили, соби, апартмани. Се средува патната инфраструктура.

Последниве години се воведуваат и нови содржини, настани. Покрај традиционалните „Охридско лето", „Охридски маратон" почна помасовно да се одбележува Водици. Понатаму музичкиот фестивал „Ohrid calling", „Охрид трчаТ", „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид" и многу други.

Многу значајно што мора да се напомене е дека минатата година во Охрид се остварени 1.034.858 ноќевања, или една третина од вкупните ноќевања кои се остварени на цела територија на земјава.

Остварени ноќевања:

2009: 951.254

2010: 791.991

2011: 810.795

2012: 823.666

2013: 793.757

2014: 754.048

2015: 818.175

2016: 830.333

2017: 937.041

2018: 1.034.858

Од главните проблеми со кои се соочува градот се недостигот од прифесионален угостителски кадар, проблемот со немањето доволно паркинг места, бучавата во центарот на градот, ниската еколошка свест, појавата на многу дивоградби на одредени места и слично.

Но, Охрид и Охриѓани со многу труд, напор, време, енергија, желба... работат активно овие проблеми да се минимизираат и постепено да ги снема.

Охрид полека но сигурно чекори напред. За брзо време ќе си го најде своето место на светската туристичка мапа на најпознати и најпосетени места на планетава.

Тони Павловски,

дипломиран менаџер по туризам

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе