Во Крушево најбројни се туристите кај гробот на Тоше Проески (1)

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

Крушево, град-музеј, градот на првата република на Балканот – Крушевската Република, градот познат како „воздушна бања“, градот на нашиот Тоше Проески... највисокиот град на Балканот и град со уште многу, многу епитети кој низ годините тивко и ненаметливо станува позната туристичка дестинација во Македонија и пошироко во регионот.

Ако се водиме по она правило за тоа дали еден туристички центар ќе го ставиме во „групата“ РАЗВИЕН или НЕРАЗВИЕН и ако во развиени центри се сите оние кои во текот на една година имаат способност и капацитет да примат, сместат и угостат повеќе туристи отколку што има население во туристичкото место, тогаш Крушево ефинитинвно спаѓаа во едно од најразвиените во земјава.

Ако ја анализираме местоположбата каде се наоѓа Крушево, на прв поглед помислуваме дека станувава збор за зимски туристички центар кој функционира само зиме. Но, малку познат факт е дека Крушево напротив, успешно функционира преку целата година.

Интересно како податок е да се наведе дека Крушево кој го знаеме како зимски туристички центар, всушност најпосетен е во летниот период особено во август.

Така, според податоците од Државниот завод за статистика во месец Август 2015 година Крушево го посетиле вкупно 9.297 домашни туристи и 651 странски гости. Следните години истиот период доаѓа до значително намалување на бројката, но сепак главната концентираност на домашните и странските туристи останува во истиот период. Во август 2016 година Крушево го посетиле 3.511 домашни и 394 странски туристи, а во наредната 2017 година градот бил посетен од 3.385 домашни и 497 странски туристи.

Зимскиот период градот најпосетен е во јануари. Имено, во 2015 година во јануари градот го посетиле 1.667 домашни и 114 странски туристи.

Следната 2016 година има зголемување кај домашните туристи кои го посетиле вкупно 3.005 и намалување кај странските кои биле само 32.

Наредната 2017 година има пораст на туристите овој период, така, градот го посетиле 3.954 домашни и 83 странски туристи.

Оваа година во истиот период градот бил посетен од 3.446 домашни и 136 странски туристи.

Ако ги земеме да ги анализираме податоците на годишно ниво за изминатите 3 години состојбата е следна:

2015 година градот го посетиле 23.221 туристи кои оствариле 59.389 ноќевања.

2016 година градот го посетиле 16.929 туристи кои оствариле 43.511 ноќевања.

2017 година Крушево било посетено од 17.343 туристи кои оствариле 46.777 ноќевања..

Туристите во градот просечно се задржуваат по 2,5 денови.

Тековната 2018 по сѐ изгледа дека ќе биде далеку поуспешна од претходните ако ги земеме како показател движењата на туристите во периодот јануари-мај. Оваа година градот го посетиле вкупно 7.224 туристи кои оствариле 18.767 ноќевања.

Низ годините Крушево многу работи на промоцијата и на низа активности со кои се збогатува туристичката понуда во градот. Во Крушево секоја година има многу културни и спортски активности кои го привлекуваат вниманието на туристите како од земјава така и од странство. Меѓу познатите манифестации кои се одржуваат во Крушево се: „10 дена Крушевска Република“, „Крушево-етно град“, понатаму Ликовната колонија, етно саемот каде се презентираат стари работи кои сѐ уште рачно се изработуваат од типот на јамболии, завеси, милиња, чаршафи...

Крушево е светски познато место по Параглајдинг светскиот куп.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други. Тука неизоставен дел кој мора да се посети е и историси познатото место Мечкин Камен, Слива и многу други.

Кога сме кај Крушево, неизоставен дел кој мора да се спомне и секако да се проба се надалеку познатиот крушевски локум и крушевските целуфки. Градот последниве години се збогати со многу нови сместувачки капацитети. Покрај познатите хотели  има и многу вили, приватни апартмани, соби кои се со навистина прифатливи цени и прилагодени за сечиј џеб.

Ако сѐ уште не сте одлучиле каде ќе одите за летниот одмор, а преферирате планина наместо езеро-море, преферирате да бидете во природа, на чист воздух, и на мирно туристичко место, тогаш Крушево дефинитинво е вистинскиот избор за Вас!

Тони Павловски,

дипломиран менаџер по туризам и хотелско-ресторанско работење

(Павловски за МКД.мк изработи серија написи со анализа, статистика, податоци... за туризмот и во помалите туристички места во земјава. Почнуваме со Крушево, па Маврово, Струга, Дојран...)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе