Реакција по повод чествувањето на државниот празник 2 Август

Владата не случајно го заборава АСНОМ

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

Имено, тие настани се почетокот на Илинденското востание (2 Август 1903) и одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (2 август 1944). На заседанието, Македонија е конституирана за држава, како федерална единица во рамките на авнојската југословенска федерација.

По тој повод, на официјалната интернет страница на Владата на Република Северна Македонија, на 1 август 2021 година е објавено соопштението под наслов: „Со пригодна државна програма утре се чествува државниот празник 2 Август – Ден на Републиката и Илинден“.

При внимателната анализа на соопштението се воочуваат два сериозни пропусти од научен и од национален аспект. Во таа смисла, во соопштението е истакнато: „Годинешното одбележување на најголемиот државен празник се совпаѓа со значајните годишнини: 30 години од независноста и 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор“.

Како што се забележува од последниот цитат, изоставено е да се наведе дека во 2021 година се навршуваат и 80 години од почетокот на отпорот (оружената борба) против окупаторот во вардарскиот дел на Македонија, т.е. 80 години од почетокот на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941 – 1945). Зошто овој важен јубилеј е изоставен? Дали употребата на термините окупација и окупатор ќе предизвика негативна реакција во Бугарија? Небаре, нестручната јавност, ќе добие впечаток, дека, пред да се одржи Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, во вардарскиот дел на Македонија воопшто не се водеше оружена борба против окупаторот. Организатор на таа борба на овој простор, а за национално ослободување на македонскиот народ и формирање на македонска држава, беше Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија, односно, Комунистичката партија на Македонија.

Потоа, напишано е „30 години од независноста“. Тука, сосема е исправно да се постават следните прашања. За чија независност станува збор? Кое е официјалното име на македонската држава која прогласи независност со референдумот од 8 Септември 1991 година? Дали употребата на терминот Република Македонија во историски контекст ќе предизвика негативна реакција во Грција?

 Проф. д-р Александар Симоновски, историчар

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе