Полемика

Вистина за „Вистината за нашата Рубикова коцка“

(Повод: Реакција на „Вистината за нашата Рубикова коца, Ѓорги Трипков, 9 јули, МКД.мк)

1. Почитувам мислење и ставови не секого и за сите прашања. Оттука (најчесто и) одбегнувам полемики, и особено јавни, и со лица со кои не сум имал можност и чест да се запознаам.

2. Бидејки колумната и во самиот наслов реферира на мојата последна колумна на поратлот МКД.мк, сепак одлучив кусо да дадам некои коментари и во таа смисла се обидов (преку Гугл, нели?) да добијам елементарни информации за авторот на колумната, м-р Ѓорѓи Трипков, економист. За жал, не успеав. Во една колумна објавена на 16 октомври 2013 година насловена „ЕУ и НАТО? Не сакам да влезам во вашиот недемократски и националистички клуб“ од Трипков, економист-аналитичар, забележувам фотографија на авторот која ми укажува дека лицето е на возраст од околу 30 години. Во друга, пак, колумна „Партизани“, објавена на  12 октомври 2017 ја забележувам изјавата на авторот (м-р Ѓорѓи Трипков) дека „прв пат јас со овој феномен се сретнав на почетокот на мојот работен век, во 1969-та. Се вработив во една државна институција еквивалент на едно денешно министерство“. Со други зборови, не открив кој тоа се повикува на мојата колумна и кому јас сега (кусо) му одговарам/коментирам.

3. Во мошне екстензивно опфатени со колумната теми, г-динот Трипков - експлицитно или имплицитно - ме сврзува со истите. Не знам и не би му забележал ако г-динот Трипков не ја прочитал мојата колумна „Добитници“ и „Губитници“, како и (внимателно) колумната на која се повикува „Македонска Рубикова коцка (2018-2019-?)“. Во таа смисла само неколку куси цитати од истите:

„Секако, во секој договор - како компромис мегу две страни, постојат можности на содржината да се гледа од различни аспекти. Тешко е да се најде „договор“ со кој сите би биле целосно задоволни. Оттука, само од објективна и реална перспектива би можело да се оцени придобивката и иднината која се отвора со (секој) договор“.

,,Имам разбирање за поединечни ставови кои се главно од емотивен карактер (критика или глорификација). Меѓутоа, апсолутно не би се согласил со потенцирањето на квалификациите дека некој бил губитник, а другиот добитник. Точно е дека најчесто договорните страни не се целосно рамноправни, немаат еднаков интерес за решавање на проблемот, констелацијата во меѓународните односи...“.

„Но, дефинитивно сум уверен дека е крајно време да „ги сложиме коцките“ и како држава и општество, да почнеме да живееме во нормална, демократска, слободна, просперитетна и убава држава“. 

,,Ако за стандардната Рубикова коцка со 27 коцки, во 6 бои, велат, постојат 43 квинтилијони опции за сложување на истата, се прашувам дали и кога во РМ ќе ги сложиме коцките за да конечно влеземе во „мирни води“ и „нормалност“.

4. Г-дин Трипков ми припишува (експлицитно или имплицитно) дека (и подолу веднаш ги давам моите појаснувања):

а.) „...за да докаже дека СДСМ има целосна заслуга за надминување на проблемот...“.  

Не, не сум член на СДСМ. Ако во претходната власт бев 11 години (со неколку други колеги) ставен во изолација поради „немање доверба“, сега со новата власт веќе подолго од една година сум ставен во „шок - соба“. Дали претходната власт можеше и сакаше да го реши проблемот и да ја отворат иднината за сите (пред се за младите)?  

б.) „...Него не го интересира каков е исходот и текот од преговарањето, туку како да се реализираат нашите обврски“.

Во текот/процесот на преговорите не сум учествувал, така што не сум во позиција да имам мислење дали можело подобро. Исходот го знаеме: реални шанси конечно да ни се отворат портите на организациите (НАТО и ЕУ) за кои уште 1993 се изјаснил Парламентот и зад што стои мнозинството на граѓаните на РМ (за разлика од г-дин Трипков: ,,ЕУ и НАТО? Не сакам да влезам во вашиот недемократски и националистички клуб“).

в.) „...Улогата на некаков Клуб на дипломати...на кои Тавчиовски ги базира своите оценки“.

Не сум, ниту сум бил, член на Клубот. Сметам дека Клубот не ја извршува својата оригинерна функција. 

г.) Имам свое јасно видување за македонската дипломатија. Толку во оваа пригода.  

И неколку коментари (само за неколку прашања спомнати во текстот на г-дин Трипков, а ги има многу) кои не се директно упатени до мене.

д.) „Наметнатиот проблем не е решен компромисно, ниту требаше да се решава преку интегративниот пристап кај кој исходот секогаш е компромисен“.

Бидејќи има повикување и на теоријата, накусо само едно укажување: постојат: 1. „дистрибутивно преговарање“ каде што еден преговарач добива она што другиот го губи („win - lose“) и 2. „интегративно преговарање“ каде што и двете страни во преговорите добиваат („win - win“). Кај овие, вторите, преговори, интересите на преговорачите се во согласност и воспоставените односи и се поставени на долгорочна основа.

Оттука и мојата првична оценка беше дека: „Од она што можев да го слушам вчера од медиумите, лично сметам дека овој договор е токму „WIN - WIN“.     

Не можам, а да не ја цитирам, за крај, заклучната поента на г-дин Трипков:  „Разумниот компромис бара задоволување на интересите на сите страни подеднакво. Заради тоа јас останувам на мојот став кој го изнесував повеќе години наназад, дека ова прашање требаше да се реши преку мудар пристап со кој на другата страна требаше да ѝ се препушти решението, како и што го наметна“.

Колку би се радувала грчката радикална опозиција, а бога ми и некои други, да им текнеше ова да го побараат. Немаше да протестираат.

Александар Тавчиовски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе