Ковид-19

Ви текнува како ги жигосувавме пушачите? За невакцинираните ќе биде многу полошо

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

Фото: ЕПА

Секој што е постар отколку што сака да признае се сеќава на времето кога пушењето не само што беше очекувано, туку и добредојдено, и не беше ограничено на мали специјализирани кабини дизајнирани да ги омаловажат и засрамат оние што ќе влезат во нив.

Пушачите и непушачите лесно се мешаа во канцелариите, болниците и баровите - секаде каде што луѓето имаа тенденција да се собираат во купчиња големи и мали. Сето тоа се смени кога науката откри дека опасните хемикалии во чадот ги уништуваат белите дробови на сите што го вдишале.

Непушачите инсистираа на социјално дистанцирање од пушачите, она за кое се потребни физички бариери.

За оние што се премногу млади за некогаш да се качиле во авион поделен на зони за пушачи и непушачи (очигледно воздушните честички можат да го направат она што не може да го направи ниедно тригодишно дете - да останат во својата зона): наскоро ќе осетите како беше тоа, кога вакцинираните и невакцинираните ќе почнат масовно да се мешаат.

Поделбата меѓу двете групи веќе се појавува.

Како ќе знаеме кој е невакциниран?

Според неодамнешната анкета на Ројтерс / Ипсос, 62% рекле дека на невакцинираните лица не треба да им се дозволува да патуваат со авиони. Понатаму, повеќе од 50% рекле дека невакцинираните лица не треба да вежбаат во јавни спортски сали, да седат во киносали или да присуствуваат на концерти.

А 72% рекле дека е важно да се знае дали луѓето околу нив (и секако на растојание од 2 метри) се вакцинирани.

Кога се работеше за избегнување на оние што може да им предизвикаат потенцијално заболување, на непушачите им беше многу полесно отколку што ќе им биде на вакцинираните.

Пушачите се саморазоткриваа во истата секунда кога ќе запалеа камел без филтер. Непушачите можеа лесно да ја евакуираат заразената област или, ако испиле малку повеќе во непушачкиот дел од барот, да ја грабнат цигарата и драматично да ја изгасат.

Но што треба да направат вакцинираните кога, откако ќе се укинат мерките, некој човек на оддалеченост помала од 2 метри ќе кивне, и тоа во својата дланка наместо во лактот?

Или уште полошо, ако се закашла низ лабаво стегната тупаница, распрснувајќи аеросолизирани капки во радиус поширок од 2 метри?

Ќе треба ли некаква пропусница?

Ќе може да побарате да видите вакцинална картичка, но тоа може да доведе до тужби и гарантирано вирално видео на ТикТок со етикета # vaccinHated. Или уште полошо, со оглед на тоа како маските ја делеа нацијата помеѓу оние што постапуваат одговорно и оние што се борат за слобода.

Затоа, на вакцинираните ќе остане јавно да го покажуваат својот здравствен статус.

Израел веќе е во предност во играта со својот „зелен пас“, првпат издаден во февруари. Тоа е нешто слично на картичката „Излези од затвор“ на Монопол, само што ве внесува на најдобрите места во најкул баровите и рестораните.

Другите земји размислуваат за слични пропусници, ставајќи ги на вага загриженоста за приватноста наспроти радоста да се биде без маски во јавноста. Претставници на Белата куќа изјавија дека сите такви пропусници треба да бидат бесплатни, безбедни и издадени од концерн што не е сојузната влада.

За ова, сè што треба да сториме е да го следиме примерот на учесниците на конвенции што инсистираат јавно да ги носат своите пропусници, шепурејќи се со (ако не и супериорно истакнувајќи го) фактот дека присуствуваат на низа безначајни семинари на комплетно нејасни теми. И пиејќи во бар преполн со два типа светло пиво, кое си го плаќаат сами.

Секој што е решен според стандардите на Центарот за контрола и превенција на болести да биде целосно вакциниран, ќе добие пасош за вакцинираност, кој треба да си го закачи на врвка околу врат, а чија боја е меѓу нијансите одобрени од СЗО.

Пасошот гарантира ВИП (вакцинирана излезена персона) пристап до кој било ресторан, бар, театар или сличен дел во кој на луѓето им е дозволено да се дружат во услови во кои не се потребни маски или дистанцирање. На ВИП-овците ќе им биде дозволено да се ракуваат, да се плескаат по рамо, па дури и да споделуваат социјално прифатливи прегратки (ако сите страни дадат согласност).

Одвојувањето нема да спречи судири

Можеби ќе дојде време кога ВИП-овците први ќе се качат во авионот, а најлошиот ред ќе биде оној директно пред штитот од плексиглас што ги одделува од невакцинираните.

Стадионите и арените можат да обезбедат влезови само за ВИП-овци, пуштајќи ги  вакцинираните безбедно да поминат до своите места „Само вакцинирани“, во првиот ред. Забавните паркови може да воспостават ВИП-линии, кои ќе се движат трипати побрзо од другата линија, бидејќи ќе можат да ги пополнат сите столчиња на ролеркостерот.

На местата каде што ќе биде невозможно да се одделат вакцинираните од невакцинираните (паркови, национални шуми), официјалните лица може да земат пример од пушачката ера и да назначат непопуларни, изолирани области за кашлање, кивање и шмркање.

Ништо од ова нема да ги избегне неизбежните судири.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Оваа врвка не е во нијанса одобрена од СЗО!“)

Или, можеме едноставно да се однесуваме цивилизирано, да продолжиме да носиме маски одржувајќи социјална дистанца сѐ додека науката не ни каже дека сме безбедни. Но каде е тука драмата?

Автор: Скот Крејвен

Извор: УСА тудеј

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе