Vetting

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

Веќе неколку месеци, и особено последниве недели, многу често употребуваниот збор на ТВ дебатите е поимот „ветинг“. При тоа, од контекстот на дебатата многу јасно произлегува (а тоа и експлицитно го кажуваат) дека сакаме да ја испитаме материјалната состојба на (актуелните) судии, обвинители..., а некаде се внесуваат и политичарите и другите носители на јавни функции.

Како репер се зема примерот од спроведениот ветинг во Р. Албанија во правосудниот систем. Каде грешиме во примената и разбирањето на овој (лесно користен) поим (дури и од еминентни професори од Правните факултети)? Сѐ се сведува на испитување на финансиската/материјалната состојба на лицата актуелно ангажирани во правосудството. И толку.

„Vetting“ е англиски збор и по дефиниција значи „чин на претходно испитување и критичко оценување (на лице, документ, шема и сл.).

Во доменот на политиката, ветингот се применува при претходен избор. Конкретно, кога претседателскиот кандидат во САД сака да избере потпретседателски кандидат, вториот мора претходно да помине проверка (ветинг) од страна на тим на советници на претседателскиот кандидат. Во понатамошната постапка, кандидатот за потпретседател поминува и низ процес на евалуација на финансиите, личното однесување и претходно покривање во медиумите. Значи, претходна и целосна проверка, пред да биде промовиран како кандидат за потпретседател.

Оттука, не ми е јасна сегашната интензивна дебата во нашата (и стручна) јавност за post festum vetting. Кој и како ќе спроведе ветинг на иљадници лица кога тие се веќе со години на важни и чувствителни функции? Ова, доколку, секако, заложбите се сериозни.

Со други зборови, вистинскиот ветинг не опфаќа само проверка на финансиска состојба. Поимот е многу поширок и токму таа широчина е исто така важна како и финансиската.

Но, тоа што по мое мислење (и значење на поимот) е многу поважно (а не го забележувам кај нашите дискутанти и аналитичари) е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка.

Можеби ќе звучи непристојно, но само поради комплетирање на сликата за ветингот. Поимот ветинг влече корени од потребата коњите пред трките (vet) да бидат проверени од страна на ветеринарите пред да влезат во трката.

И тогаш и сега ветингот не се сведувал само на финансиска проверка, туку на генерална и претходна проверка.

Александар Тавчиовски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе