Вартоломеј ги разочара православните верници

Голем број на христијани, православни верници, по претворањето на Света Софија во џамија, сметаат дека Вартоломеј не е веќе доследен да ја носи титулата вселенски патријарх.

Потегот на турските власти да ја врати црквата Света Софија во џамија предизвика бурни реакции во православниот свет, но многумина сметаат дека ова незадоволство не беше соодветно проследено и со реакција токму од вселенскиот патријарх Вартоломеј. Тој рече дека овој потег на турските власти ги разочара христијаните и дека ќе предизвика раздор меѓу Истокот и Западот. И толку.

Сепак, многумина сметаат дека е тоа премалку за еден духовен лидер на околу 300 милиони православни христијани низ светот.

Цариградскиот патријарх се јавува како чувар на еден од главните христијански светилишта, црквата Света Софија во Истанбул. Но, во овој случај вселенскиот патријарх Вартоломеј се покажа дека е неспособен да се спротивстави на намерата на Турција да го претвори овој христијански храм во џамија. Ова го доведe во прашање и неговиот реален, а не наследен авторитет од византиското минато во светското христијанство.

Обидот на Вартоломеј да претендира на титулата „источен папа“ од малата енклава на територијата на муслиманска Турција изгледа особено чуден. Тој сака да биде центарот на православието, ама очигледно е дека тоа не е така. Поглаварот покaжува дека нема реални ингеренции и влијание и на она што ќе следува, ниту пак е способен да ги заштити интересите на православието.

Во таква ситуација очигледна е неоснованоста на претензиите на Вартоломеј за севселенскиот статус во светското православие. Ова очигледно сведочи дека слепото следење на сите други помесни православни цркви на курсот на Цариградската патријаршија, особено и по прашањето на Православната црква на Украина, не одговара на нивните интереси.

Карактеристично за цариградскиот патријарх е и тоа дека многу бледо, плашливо се обиде да ја одбрани Света Софија да не стане џамија, оставајќи ја Грчката православна црква многу пожестоко да реагира. Со тоа Вартоломеј ја доби и поддршката од своите куратори во Стејт департментот. Таквиот негов пристап може да биде толкуван само со целосната негова зависност од однесувањето на турските власти и несакањето да се замери со нив дури и кога треба да се зборува за принципиелните прашања за православието.

Особено внимание заслужува фактот дека без разлика на пријателските односи меѓу Москва и Анкара, со жестока критика кон турските власти за прашањето за Света Софија излезе рускиот патријархот Кирил. Ова е потврда на тоа дека всушност РПЦ е способна, тргајќи ги на страна разногласијата со Цариград, да настапи исклучиво во одбрана на општите интереси на православните верници.

Локалитет на светското наследство на УНЕСКО, Аја Софија беше претворена во џамија од страна на отоманските Турци по падот на Цариград (денешен Истанбул) во 1453 година. Таа во 1935 година беше претворена во музеј за време на владеењето на модерниот секуларен основач на Турција Кемал Ататурк.

Претворањето на Аја Софија, која поради својата светост е клучниот центар каде Истокот го сретнува Западот, во џамија ги разочара милионите христијани низ светот и веќе предизвикува раздор меѓу двата света. Аја Софија или Црквата на светата мудрост служела како свето место за христијаните повеќе од 900 години, а за муслиманите 500 години.

Александар Стојановски, Брисел

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе