Вархеји ги замолкна и најголемите ЕУ оптимисти

Ако државното раководство има некој проблем, тогаш до ЕЕО може да се дојде и преку референдум.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, од Тирана јасно порача: Албанија почнува преговори со ЕУ, а Македонија прво нека го реши прашањето со Бугарија.

Имајќи ја предвид умереноста на дипломатскиот речник, стигнавме на ниво пораката да ни ја соопштат на највулгарен, директен начин: Македонија може да заборави на почеток на преговори со ЕУ. Јасно и гласно.

Нашите „политичари“ може да прават милион спинови дека сега „и Бајден се заинтересирал за Македонија“, „нека завршат изборите во Бугарија па ќе видите“ и слични небулози. Едно е јасно. Македонија нема шанси да почне  преговори со ЕУ. Зошто е тоа така, сега не е ни важно.

Вакво „шамарање“ не е видено, ниту познато во поновата  мирнодопска историја на дипломатијата.

За да не биде не сме знаеле, ние мислевме, имавме добри намери, премиерот со своите луѓе нека седне и нека преиспитаат што значи понудата што Германија му ја даде на претседателот Пендаровски за влез на Македонија во Европската економска област (European Economic Area). Што значи изјавата на германскиот европарламентарец дека ветото на Бугарија кое го поддржуваат и одреден број на европски држави, е непремостлива пречка за отпочнување на преговорите со ЕУ и дека единствен пат за Македонија е преку потпишување на договор за пристапување кон ЕЕО. Нека ги погледаат анализите на германските аналитичари во водечките германски гласила дека спас за Македонија во оваа ситуација, е само преку влез во ЕЕО, каде не важи правото на вето.

Обврска на претседателот на државата, на Владата и на опозицијата во вакви историски моменти, е веднаш да седнат заедно и Македонија да ја постават на вистинскиот пат кој обезбедува стабилност, мир и просперитет. Во овој момент тоа е отпочнување на постапката за потпишување на договор кон пристапување кон ЕЕО. Во овој момент, само преку ова партнерство ќе се заштитат интересите на граѓаните и иднината на државата.

Граѓаните очекуваат конкретен одговор. Досега одговор нема. Молк и од власта, молк и од опозицијата. Но, молкот не може долго да трае. Ако молкот продолжи, тогаш граѓаните согласно Уставот на Македонија, имаат право сами да се организираат и за оваа прашање да одлучат преку директна форма на изјаснување – РЕФЕРЕНДУМ. Не го потценувајте народот.

Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе