Украинското сценарио

Следењето известувања за случувањата во Македонија на медиуми од земји членки на ЕУ ми го врати филмот од времето на украинскиот преврат.

Медиумите едногласно, небаре брифирани од еден центар зборуваат за афера со прислушување која довела до широко народно незадоволство, а потоа и до полициска бруталност. Веќе се зборува за авторитарен режим и за демократска опозиција. Се е така како што беше на почетокот на операцијата за соборување на демократски избраниот председател Виктор Јанукович. Никој не споменува дека всушност „опозицијата“ прислушувала, ниту дека полицајците беа први нападнати. Пропаганда во полн замав.

Кога протестите, тепачките со милицијата и притисокот на заинтересираните западни политичари не даде резултат, планерите посегнаа по последното средство - човечки жртви!

Со оглед дека Груевски има поддршка од мнозинството, се плашам дека планерите ќе го направат истото и во Македонија. Најдобрата прилика ќе ја имаат на 17 мај и претпоставувам дека ќе имаат таму луѓе кои ќе бидат задолжени да ја завртат спиралата на насилството, по што некој ќе биде застрелан. Веројатно некој познат, какви што беа првите жртви од Мајданот.

Околу жртвата ќе се изгради нов бран протести, заинтересираните западни политичари ќе ја сменат реториката, УЧК ќе биде ангажирана и ќе дојде до терористички напад. Заинтересираните западни политичари ќе предложат формирање на преодна влада и ќе пратат делегација да посредува. По формирањето на преодната влада Груевски и луѓето од неговиот круг ќе бидат уапсени. Или ќе им успее, како на Јанукович, навреме да се засолнат. Само прашање е каде?

Работата е отидена многу далеку, и сега е последен момент за Груевски да реши дали е готов да оди на се или ништо, и дали мисли дека може да победи. Ако не е сигурен во своите сили, најдобро оставката да ја поднесе веднаш, и од сигурно место да ја гледа дезинтеграцијата на Македонија.

Другата опција му е да не дозволи жртва за време на протестот на 17 мај. Полицијата мора да ги запоседне сите покриви, да ги снима сите згради и прозорци од кои може да се пука. Така излезе Груевски да мора да ги брани животите на тие кои сакаат да го соборат. Се надевам дека ќе му успее, многу е важно.

Ако спиралата на насилството се разврти до толку што излезе надвор од контрола, ќе мора да побара помош. Интервенцијата на УЧК и платениците кои ќе бидат пратени ќе можат да ја запрат само искусни воини како донбаските командири Моторола или Призрак. Распореди го баталјонот на Призрак во Полог и никому на Косово нема да му падне на ум вооружен да преминува граница.

Запирање на надворешното финансирање на македонските медиуми, апсење на сите вмешани во евентуалните насилства и нивно осудување на високи затворски казни се следните чекори. За апсење на Заев како директен нарачател на евентуалното насилство ќе треба сериозно да се размисли. Тоа е меч со две острици и одлуката ќе треба да се донесе во зависност од случувањата на теренот.

    Драган Стојановски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе