Трулеж на системот (2)

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

За влез во Европската Унија, Франција испрати нон-пејпер или рамка до сите членки на Унијата за обновен пристап кон ЕУ. Од земјите од Западен Балкан и од нас се бараат неколку чекори и тоа: владеење на правото, отворени плуралистички општества, обезбедување на економски и социјален развој, да им се овозможи на младите  перспектива и слично. Сето ова наведено кај нас се одвива многу споро и без конкретна придобивка за граѓаните, а нема и конкретна имплементација. Kако ни функционираат институциите, се знае. А тие се нефункционални, корумпирани и партизирани.

Што ќе испорачаме? Демократските институции не функционираат, тие се корумпирани. Судството и обвинителството и другите институции се трули. Имаме распад на системот. Тоа го истакнува и кординаторот на коалицијата за Југоисточна Европа за зајакнување на правата на укажувачите, господинот Марк Ворт. Тој вели дека согласно Законот за заштита на укажувачи, наместо да бидат заштитени, тие се изложени на мобинг, отпуштања од работа, омаловажувања... Тоа го констатира и за Македонија.

Тоа го доживувам лично и јас. Нема сигурност, нема почитување на правото. Институциите, како што се трудова инспекција, управна инспекција и други инспекции, инспекциски совет, Агенција за администрација, разните  формирани второстепени комисии по жалби и приговори... сите се партизирани и одговараат исклучиво кон оние кои ги поставиле, односно кон нивните политички партии. Ако се осмелиш да констатираш дека високи функционери  работат незаконски (незаконски унапредувања во наставно-научни звања), криминално, тогаш следи покренување на дисциплински мерки, деградирања, притисок, мобинг и слично. А  институциите на системот не преземаат ништо за укажаните неправилности. Те упатуваат кон решавање на проблемот во судството. А таму трулеж. Народот нема доверба во иституциите и се принудени своите права да ги бараат надвор од институциите со запознавање на работата на меѓународни организации, или информирање на амбасадите во државата или меѓународни судови.

Која е перспективата? Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот. Една од причините е и тоа што младите си одат и бараат перспектива надвор од нашата држава.

Според францускиот амбасадор Тимоние: „Најважно е да се почитува и функционира во практиката правната држава“. Дали институциите тоа го прават. НЕ. Каде е вината.

Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе