Трошењето на јавните пари како индикатор за (не)демократскиот капацитет на институциите!

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

По огромниот јавен притисок, ним им требаше повеќе од една недела за да делуваат. Тоа беше успешна шлаканица за мнозинството, кое, без разлика дали намерно толерира или опортунистички се однесува, покажува огромна слабост за капацитетот на управување.

Буџетот како најважен социо-економски инструмент (документ) на државата, покрај другото претставува и субстанцијален инструмент за мерење на демократичноста и капацитетот на државните институции. Основните постулати и критериуми за добро владење се најпрепознатливи кај буџетскиот процес - од планирање, програмирање, буџетирање, па се` до извршување. Тие принципи почнуваат со транспарентност, одговорност, ефективност/ефикасност и завршуваат со отчетност. Од институционалниот и демократскиот капацитет на институциите зависи и степенот на нивната примена. Истовремено, и Светска банка од многу поодамна ја има констатирано и промовирано правопропорционалната корелација помеѓу висината на јавната потрошувачка и економскиот раст и развој, што подоцна се потврди и од многу други истражувачи од областа.

ДИК како барометар

Впрочем, Господ да ги благослови САД, а посебно нивните амбасадори. Требаше ли да се дозволи амбасадор на САД да не прозива? Изгледа оти така треба во овој наш Западен Балкан. Благодариме Ваше екселенцијо, амбасадоре Бејли. Ќе бидете запаметен!

Точно пред три години (ноември 2014), тогашната амбасадорка на САД во Република Косово, Јакобсон (Jacobson), поради неодговорното и екстремното калкулирање со институциите бидејќи неколку месеци по изборите не се составуваше влада, директно им плесна на косовските политичари, и тоа на албански јазик ,,немојте да ја посерете работата“! Една година подоцна, при калкулирање со реформите во правниот систем на Албанија во т.н. процес на верификација (veting) на судските структури на сите нивоа, амбасадорот на САД, Доналд Лу (Donald Lu), сред Тирана на конференција на судии директно, во лице, им плесна на судиите дека на некои од нив рачниот часовник им чини колку неговиот амбасадорски автомобил (претпоставувам некој џип на Џенерал Моторс (General Motors) или во најмала рака некој Крајслер (Chrysler)).

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)! По огромниот јавен притисок, ним им требаше повеќе од една недела за да делуваат. Тоа беше успешна шлаканица за мнозинството, кое, без разлика дали намерно толерира или опортунистички се однесува, покажува огромна слабост за капацитетот на управување. Да е грешката уште поголема, мнозинството на чело со премиерот се оградува со оправдување дека ДИК е независна институција каде Владата не сака да интерферира и да ја нарушува институционалната независност. Вака велеше и режимот на Груевски за ,,независноста“ на судската власт се додека не ги слушнавме ,,бомбите“! Ако навистина вака мислат, ова е голема глупост од проста причина што Владата е надлежна за извршување на буџетот како со внатрешната, така и со надворешната контрола на трошењето на јавните пари.

Парадоксална пофалба на прудентната фискална политика во изминативе години

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии за четиригодишниот период (2018-2020) е одлично структурирана и сеопфатна. Во првото нејзино поглавје, како основна зацртана цел е подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка. Но, во неа се наоѓаат чудесни и парадоксални констатации. На пример, (на стр. 6 од програмата) се вели: „Јавниот долг изнесува 4,74 милијарди евра или 46 проценти од БДП. Како резултат на прудентната фискална политика во изминативе години, Република Македонија останува умерено задолжена земја“! На која прудентна фискална политика мисли авторот на оваа констатација? На таа политика за трошење јавни пари, како на пример, износ од над 37 милиони евра за еден национален театар каде што пропаѓаат и кршат ребра глумци на сцената или на кој по само 3-4 години од изградбата му протече покривот. Па што дека во него се монтирани и сваровски лустери од Австрија во милионски износи! Можеби вреди, бидејќи со тоа сме влезени во нивните каталози како промотивни потрошувачи на земја со над 30 проценти степен на сиромаштија!

Во истата програма, поточно во второто поглавје, како приоритети и резултати се зацртани дури седум цели, од кои најмалку четири (планирање и буџетирање, извршување на буџетот, внатрешна и надворешна контрола) таргетираат буџетски корисници кои, на пример, се однесуваат кон јавните пари како ДИК! Па што дека потпретседателот на ДИК (инаку магистер на науки од Питсбург Универзитетот) за ова однесување се споредува со бонусите на менаџментот на АД ,,Пивара“ Скопје.

Камо да беше само ДИК

Некои членови на ДИК, трудејќи се да се оправдаат пред јавноста, барем во нешто беа сосема во ,,право“ кога јавно кажаа дека многу има како нив во оваа држава. За жал, апсолутно се во право. Ги има многу, почнувајќи од разни регулаторни („независни“) тела, разни комисии и институции, па се` до разни управни, па и надзорни одбори на Владата во јавните претпријатија или установи. Во сите овие тела и структури има најразлична политика за надоместоци и наградувања, а во многу од нив дури и со дуплирани позиции, без разлика на нивниот конфликт на интерес. Дури и таму каде Владата е малцински акционер, како на пример кај Телеком. Да е парадоксот уште поголем, во многу такви јавни претпријатиа кои и покрај тоа што имаат структурални загуби, имаат менаџерски и надзорни профитери (поединци).

Владата да ги објави сите, поименично. Не поради нас, туку поради неа!

Амбасадорот Бејли со право најмногу се фокусира на нетранспарентноста на ваквиот тип одлуки. Затоа крајно време е Владата, која во своите редови и на различни нивоа има најголема „војска од граѓанскиот сектор“, без одлагање да ги објави сите тела, комисии, установи... кои се наградуваат од јавни пари, поименично и по износи! Спротивно, ние ќе го сториме тоа, колку и да се труди Владата да ги ,,класифицира“ тие информации. И во овој момент поседуваме стотици примери (многумина сами се фалат), но очекуваме надлежните институции да го прават тоа. Така почнавме и со претходниот режим кога ги криеше огромните буџетски намени под класификацијата ,,разно/друго... и сл.“, и покрај тоа што износите беа повеќе од половина од синтетичката буџетска позиција. Токму во 2009 година, заедно со сегашниот советник на премиерот за економски прашања го започнавме тоа.

Разликите во надоместоците и наградите во овие тела воопшто не корелираат со целите на успешност или со резултатите од работењето. Низ овие тела (со огромни разлики) седат партиски кадри, најчесто „милитанти“, а најретко професионалци. Проблемот не е само до фискалните и финансиските ефекти на јавните тела и установи (како трошоци), туку во „креирањето борци за лична профитна кауза“! Зарем толку брзо ги заборавивме „каракамишевото“ или „никовското“ олицетворение! Целата оваа фела, која најчесто е најмалку заслужна за да се етаблира таму, претставува одлична ,,смеса“ за дисторзија на демократската власт. И структурите на претходниот режим во првите две години не беа такви, нив системот ги етаблира, креира и форсира. Ако вака продолжиме, бетер ќе биде. А мене мие жал, не зашто протестиравме и се боревме цели 7-8 години, туку зашто се изедначуваме и се упросечуваме како да сме исти. Ми е жал што нема да ми веруваат ако кажувам дека јас не сум таков.

Ете, затоа се бара институционален капацитет. А тоа е предуслов за успешност!

 академик Абдулменаф Беџети

(Текстот е напишан во рамките на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica. Оригиналната објава можете да ја прочитате тука)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе