Третман против политичката хипотермија (2)

Директна демократија за зачувување на здравјето и животот на граѓаните, животната средина, нашите огништа и фамилии и нашата татковина.

Како прво, треба да се заштитиме од туширањето со ладна вода.

За заштита од туширањето со ладна вода треба да изградиме  адекватно засолниште. Тоа засолниште е здружување во масовна граѓанска иницијатива -  ДИРЕКТНА ДЕМОКРАТИЈА  со единствена цел зачувување на здравјето и животот на граѓаните, животната средина, нашите огништа и фамилии и нашата татковина.

Директната демократија подразбира дека граѓаните за најголем број од прашањата на локално и државно ниво одлучуваат преку РЕФЕРЕНДУМ. Оваа најдемократска алатка во изминатите триесетина години е искористена само неколку пати. Три пати на државно ниво и три, четири пати на локално ниво. Квази тајкуните и нивните политичари од неа се плашат како змија од оган и затоа прават се таа да остане само  слово во законите.

Сега дојде време граѓаните да го извадат оваа демократско оружје и да распалат со него со сета сила.

Граѓанската иницијатива ќе организира РЕФЕРЕНДУМ НА ДРЖАВНО НИВО на кој ќе се решат три основни прашања со кои граѓаните ќе си го вратат украдениот суверенитет и ќе ги воспостават   столбовите на државата на здрави темели. Тоа е:

  1. Измени на законите со кои ќе се овозможи отповикување на избраните функционери доколку граѓаните не се задоволни од нивната работа. Тоа се однесува на претседател на државата, пратеници, советници, градончалници, претседатели на судови и судски совети, претседатели на обвинителство и совет на обвинители и градски началници на полиција.
  2. Измени на законите со кои граѓаните на избори ќе ги избираат претседателите на судови и судските совети, претседателите на обвинителство и совет на обвинители и градските началници на полиција.
  3. Измени на законите за целосна децентрализиација на власта од државно на локално ниво.

Со измените на законите со кои секој избран политичар на локално или државно ниво може да биде отповикан, се прави првиот чекор кон враќање на украдениот суверенитет. Не може повеќе да бидеме неми сведоци и гледаме  како избраните политичари се однесуваат како газди и сопственици на општините и државата, без можност да ги отповикаме. Затоа државата функционира како феудален посед на големите газди и нивните политички елити. Ние граѓаните, преку избори сме го пренеле нашиот суверенитет на избраните политичари да одлучуваат и управуваат со државата, а тие возврат донеле закони со кои ни го украле тој суверенитет. Граѓаните преку референдум ќе ја променат оваа состојба, со тоа што ќе можат секој избран функционер на локално или државно ниво да го отповикаат доколку не се задоволни од неговата работа.

Граѓаните ќе ја добијат можноста преку непосредни избори   да ги избираат  преседателите на судовите, претседателите на обвинителствата и началниците  на полицијата. Овие избрани функционери исто така ќе може да бидат отповикувани доколку граѓаните не се задоволни од нивната работа. Само на ваков начин ќе се воспостави вистинско владеење на правото и спроведување на законите  во државата и искоренување на корупцијата. Приказните за некакви „ветреења“, процеси на лустрации, академии, судски и обвинителски совети и  парламентарни комисии, е само долгиот  назив за избор на обвинители и судии по партииски  диктат. Со изборот на претседателите на судовите  и обвинителствата  и началниците на полицијата преку директни избори, граѓаните  ќе одлучуваат кој ќе биде, а кој нема да биде стожер на спроведување на законот, правото и правдата во државата.

Третиот темел кој треба да се изгради  преку референдум, се  законите за комплетна децентрализација на државата. Сите надлежности кои во овој момент ги има централаната власт ќе се префрлат на локално ниво, освен прашањата за монетарната политика, надворешната политика, армијата, полицијата, безбедноста на државата, организираниот криминал и корупција. Со други зборови, комплетна рационализиација на државниот апарат и префрлање на сите државни услуги непосредно до граѓаните на локално ниво, вклучувајки ја и финансиската децентрализација. Со тоа ќе се добие мала, ефикасна и професионална администрација која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Работното место на секој администартивен работник ќе зависи само од квалитетот на неговата работа и оценката на граѓаните. На овој начин дефинитивно ќе се напушти концептот на партиска администација и партиски војници кои се сервис само и исклучиво на интересите на економско-политичката елита на државата. 

Сите тие што останаа во Македонија, но и  сите тие што заминаа, имаат обврска пред самите себе, споствените фамилии, а посебно спрема сопствените деца и внуци, да ги направат овие промени и Македонија да ја направат пристојно место за живеење. Имаме Закон за РЕФЕРЕНДУМ кој треба само да го примениме и да направиме законска револуција.

Сѐ што треба да направиме е да собереме 150.000 потписи со кои се распишува РЕФЕРЕНДУМ НА ДРЖАВНО НИВО за горе наведените прашања и на денот на гласањето да излеземе и гласаме за нашата иднина.

Секој може да потроши два часа од  својот живот, со кои ќе обезбеди иднина за себе, своите деца и внуци и ќе створи услови да си ги врати своите деца и внуци од печалба. Секој може да потроши два часа од својот живот и со своето пенкало да ја направи Македонија држава со која ќе се гордее. Размислете. Вреди да размислите. Одговорноста е наша. 

 Ангел Наков

Политичка хипотермија

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе