Tрета опција

Коалиција на граѓаните. Граѓаните на Македонија се единствената сила која може да ја урне оваа „диктатура" на политичките партии.

Македонија дојде во фаза кога мнозинството на граѓани на своја глава ја почувствуваа „диктатурата“ на трите полтички партии. „Диктатура“ која партиите ја спроведуваат безмалку три децении, преку законска рамка која сами си ја стокмија. Катастрофалните последици од ваквото владение почнуваат да добиваат размери на едно општествено цунами, кое ги урива и најсилните темели на државата. Образованието, здравството, социјалната сигурност и безбедноста се дел од темелите кои се сериозно начнати. Да не збориме за судството, корупцијата во администрацијата, развојот на економијата, нови работни места, можноста за елементарна егзистенција на граѓаните.

Иако голем број на интелектуалци, аналитичари и политиколози, правилно ги детектираат сите актуелни дефекти и нефункционалноста на целокупното државно уредување, никој или многу малку нудат излез од оваа состојба. Затоа се стекнува впечаток дека од оваа состојба нема спас.  

Но решение има. Решението е во ТРЕТАТА ОПЦИЈА. Но не трета политички организирана опција. За таква треба време, средства, истрајност, посветеност и многу, многу среќа и храброст. Но затоа е тука ТРЕТАТА ОПЦИЈА на коалиција на граѓаните. Граѓаните на Македонија се единствената сила која може да ја урне оваа „диктатура“ на политичките партии. Тие се единствените кои можат да ги спроведат неопходните законски реформи со кои ќе се почне со „рисетот и форматирањето“ на нашата држава во вистинска функционална демократија, каде граѓанинот ќе биде  на прво место. На оваа трета опција не ѝ треба лидер на државно ниво. На оваа трета опција и требаат лидери во секоја општина. Лидери кои ќе бидат подржани од своите сограѓани. Лидери кои ќе се борат и ќе ги штитат интересите на своите комшии, пријатели и другари од својата општина. Овие лидери нема да зависат од ниту една политичка партија и отчет ќе даваат само и единствено на своите сограѓани.

На следните парламентарни избори мнозинството на граѓани нема да излезат да гласаат и нема да го дадат својот глас на ниту една од постојните политички партии. Полтичките елити, на претстојните избори ќе бидат сведоци на најмалата излезност на гласачите во историјата на Македонија. Нема да помогне ни датум за преговори, ниту членство во НАТО, ниту една изборна единица. На избори ќе излезат само тие што ќе мораат. Со излезени 500.000 гласачи, политичките партии ќе немаат легитимитет да владеат со државата.

Затоа на локалните избори во 2021 година, кога граѓаните директно ќе избираат свои градоначалници, на изборите ќе излезат над 1.200.000 гласачи, кои својот глас ќе го дадат на локалните лидери од граѓанската коалиција и овие градоначалници ќе го имаат полниот легитимитет да ги почнат неопходните реформи. Тие реформи мора да почнат со:

-          нов мнозински изборен модел каде секоја општина си бира свои пратеници, со право пратеникот да биде отповикан;

-          комплетна децентрализација и пренос на  власта од државно на локално ниво и

-          воведување на референдумот како задолжителна форма за изјаснување на граѓаните за секое прашање од јавен интерес.

Тоа ќе биде крајот на една  квази-демократија и почетокот на вистински  граѓански и демократски  систем, кој ќе се создаде услови за експлозија на економијата, културата, знаењата, креативноста, со кои изобилува оваа наша прекрасна татковина.

Да, мои сограѓани, НИЕ сите  сме ТРЕТАТА ОПЦИЈА и НИЕ сме иднината на  Македонија.

Aнгел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе