Тесла - првиот ХAAРП е проектот Варденклиф

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

Никола Тесла бил првиот научник што ја истражувал јоносферата. Ноќта на 15-ти јули 1903 година со ексцитирање (надразнување) на јоносферата од кулата Варденклиф, успеал да го „запали" небото над Њујорк и брегот на Атлантскиот Океан во должина од околу 200 километри. Светлината била толку силна што во текот на ноќните часови можело да се гледа како преку ден. Тоа бил денот кога системот на кулата Варденклиф бил испробан за првпат и Тесла покажал како може да се реши проблемот на напојување со слободна енергија на планетата Земја и нејзиниот геофизички систем на едноставен начин. Покрај ова, капиталниот проект Варденклиф, претставува првиот систем на т.н. ХААРП што е попознат во денешни рамки. Еве зошто е тоа така.

Кулата Варденклиф која била лоцирана на Лонг Ајленд претставувала резонантен осцилатор со сите фрекфенции на геофизичкиот систем на Планетата Земја. Истата била 57 метри висока. Покрај ова, системот на самата Кула бил исто толку метри и во длабочина. На врвот била поставена метална купола на која Тесла инсталирал ултравиолетови лампи со кои ја греел јоносферата! Исто како што денешниот ХААРП систем ја грее јоносферата. Затоа и се вика High Frequency ACTIVE AURORIAL – високофрекфентен АКТИВЕН...а не ПАСИВЕН систем! Понатака, оваа кула била и механички осцилатор. Подземниот систем на кулата го сочинувале бројни тунели прекриени со минерални масла. Таквите канали според Тесла требале да ја имаат улогата и на механички вибратори (осцилатори) кои би имале за цел да пренесуваат специјални акустични осцилации. Еве што Тесла изјавува за подземната структура на неговата кула во 1902 година за весникот Brooklyn Eagle: Во системот што го изумив, неопходно е машината да ја зграпчи земјата, затоа што во спротивно не би можело земјата да се затресе. Потребно е добро да се зграпчи за да може планетата да затрепери!
Во една прилика, Тесла изјавува: „Електричните бранови создадени од мојот трансмитер ќе бидат најголемиот спонтан настан на планетата... Мојот уред може да го осветли цел САД... Во еден момент енергијата ќе плови преку воздухот во сите насоки креирајќи ефект на поларна светлина."

Надземна и подземна шема за кулата Варденклиф
Таа ноќ кога е изведена најголемата проба на системот во jули 1903 година, весникот New York Sun излегува со следниот наслов: „Секакви видови на молњи удираа од правецот на кулата минатата ноќ".
Што всушност претставува молњата? Молњата во суштина е информација која од јоносферата се спроведува до Земјата затоа што земјата е жив систем! Молњите кои се симнуваат од облаците до земјата се најчести. Но, постојат молњи кои се движат и во спротивна насока. Покрај тоа, постојат такви кои се движат и од јоносферата до облаците, а и од облаците до јоносферата. Значи, одат во сите правци! На тој начин се разменуваат информациите затоа што јоносферата е мозокот на Земјата и претставува информационо поле на планетата. Во суштина Тесла можел да создава молњи кои се симнувале директно од јоносферата, а не од облаците. Неговите вештачки молњи биле и до 10 пати посилни од природните. Обична просечна молња е од 18 до 20 милиони волти. Тесла создавал молњи силни до 150 милиони волти!

Земјината ротација околу својата оска го преставува роторот, а јоносферата не го следи нејзинотот движење и е статична во однос на земјата, па според тоа претставува статор. Според пресметките на Тесла, при оваа интеракција на планетата и јоносферата се создава огромна разлика во електричните потенцијали која изнесува околу 2 милијарди волти кои се создаваат во секоја секунда. Ова практично значи дека изворот е непресушен, бидејќи се додека земјата се врти и постои јоносферата, ќе се појавува разлика во потенцијалите која ќе создава огромни количини на енергија.
Односно, јоносферата (што претставува ФАЗА) која се наоѓа на околу 60 км над површината на Земјата, има огромни потенцијали на повеќе слоеви со негативен и позитивен јонски електрицитет, и Земјата (која е НУЛА). Помеѓу нив е атмосферата-која е диелектрик. Резонантно тоа може да се поврзе. Тесла го сторил тоа во jули 1903 година со помош на кулата Варденклиф. Користејќи ги за работа на машините, тие електро-потенцијали може да се рециклираат преку земјата, враќајќи ги назад во системот на планетата Земја. Значи, не би биле потребни жици, кабли и далеководи туку само антени кои би биле забодени во земјата и од истата би ја извлекувале струјата на апаратите. Притоа енергијата не би имала конверзија, туку со самото тоа што ќе ја изврши својата функција на апаратот, истата би се вратила во геофизичкиот систем на Планетата. Тесла сметал дека за да може максимално да се искористи енергијата на земјата, покрај кулата на Лонг Ајленд, било потребно да се постават уште четири исти такви кули на Арктикот, Антарктикот, во Амстердам и во Кина и сите да се поврзат во еден цел систем.
Кулата ги има следните електро-магнетни карактеристики: се состои од т.н. магнифајер-појачувач, т.н. Теслин засилувач, вид резонантна антена која создава електрични осцилации. Концептот е таков што во случајов се користи електричната компонента, а не магнетската. Притоа се појавува диспропорција помеѓу овие две полиња. Не претставува класичен тип на електро-магнетна енергија. Стационарен бран се формира по оската на антената и притоа се зголемува волтажата од долниот дел на антената во насока нагоре. Поради тоа Тесла кулата ја нарекол „појачувач", од причина што се појачува електричната енергија, но магнетското поле не се појачува правопропорционално.
Старата постројка на ХААРП во Аљаска е затворена во 2012 година. По извршена додатна консултација со експерти од полето на информатичките и телекомуникациски технологии, истите тврдат дека технологијата дозволи да се генерираат радиобранови што ќе имаат ефикасно фрекфентно зрачење од многу помали антенски системи. Таквите системи сега немаат централизирано дејство што би зафаќало поголема површина, туку сега истата функција се извршува со системи не поголеми од една метереолошка станица, а улогата им е да вршат видоизменување на климатските услови на точно локализирано подрачје. Покрај ова, се користат и ласери кои имаат улога да ги потпомогнат овие процеси.


м-р Стојан Трошански

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе