Темните облаци се растргнуваат

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

По ред:

Квази патриоти на чело со Киро Глигоров, кои до последниот момент се бореа за зачувување на некаква асиметрична федерација, конфедерација или нешто трето што би се викало Југославија.

Млади, слабо обрзувани, неискусни, но крајно безобразни млади политичари (СДСМ,) кои себе се продаваа за авангарда која државата ќе ја води напред, го реализираа најголемиот грабеж на државата, наречен трансформација на општествениот капитал во приватен.

Умрежена група на социјалистички директори и членови на ДБК, како новопечени газди на општествениот капитал, себе си се  прогласија  за успешни бизнисмени и промотори на економскиот развој на државата. Во реалноста, највулгарен криминал.

Полтичка партија (ВМРО-ДПМНЕ) се прогласи како единствен заштитник на националните интереси на Македонија и македонскиот народ и вети расчистување со криминалната приватизација и лустрација на државниот административен апарат, а во реланоста допродаде и доограби, онаа што претходните не го ограбија.

И едните и другите под мотото за повеќе демократија, воведуваат пропорционален изборен модел, во кој граѓаните не гласаат за луѓе, туку за политички партии.

И едните и другите под мотото за поголема децентрализација прават нова територијална поделба на државата, што всушност е формирање на национални кантони за спроведување на концептот на национална, а не на граѓанска демократија.

Под мотото квалитетна и ефикасна администрација како сервис на граѓаните, во суштина  се формира најголемото претпријатие за вработување на партииските членови - послушна гласачка машина.

Доаѓа на власт Груевски со негов тим, како ново поглавје во Македонија, со мотото 24/7, посветеност, работа, инвестиции, подршка на земјоделците, пензионерите... во суштина спроведување на моделот на,  држава со тотална партиска диктатура, во која учествуваат трите најголеми партии (ВМРО-ДПМНЕ;  СДСМ; ДУИ).

Шарена револуција, „бомби“, нема правда нема мир, живот за сите, нови слогани за подобро утре, во суштина полтички театар, непочитување на Устав, ново име, и тие што десет години јадеа послаба храна како опозиционери, да може да пробаат торта.

Правдата важи за сите. Се апсат или под истрага се „големи риби“ блиски до власта. Во суштина скандал од невидени размери. За милиони евра во кеш се зборува како за сто денари. Рекетари и рекетирани, на кои би им позавиделе и најбогатите рапери или драг дилери во светот.

Заедничко, од почетокот до крајот на оваа продажба на илузии, се само финасиските интереси и алчноста на мала група на луѓе, кои ја држат во заробеништво целата држава веќе цели три децении. Таа група на луѓе ја сочинуваат врвовите на трите политички партии и транзициските богаташи, потпомогнати од мрачните структури на ДБК. Сѐ останато се само послушни извршители (обвинители, судии, полицаијци, инспектори...).

Како и во секоја работа, оваа мала група на луѓе почнаа за себе да мислат дека се мали богови и дека им се може сѐ. Тука започна крајот на продажбата на илузии. Граѓаните ги видоа соголени до коска сите т.н. „успешни бизнисмени“, „борци за правда“, „новинарска авангарда“, „паметни и посветени политичари“. Граѓаните видоа, дека  овие луѓе во суштина се дното на македонското општество и затоа нема да дозволат овој илузионистички циркус да продолжи и понатаму.

Граѓаните ќе спроведат активности за  промени и тоа конкретни промени. Промените ќе бидат реализирани преку три основни чекора:

  1. Формирање на експертска Влада
  2. Промена на изборниот модел во мнозински
  3. Економска лустрација

Темните облаци на македонското небо полека се растргнуваат. Граѓаните повторно ќе можат да почнат да жнеат.

Да сте здрави и живи. До наредното читање.

   Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе