Татковина значи и една голема заедничка обврска

Не можам да сфатам како не може да се најдат 62 пратеници на кои побитна им е Македонија од партиската припадност.

Во Македонија долго време не е спроведен попис, иако според светски стандарди, на секои 10 години треба да се прави попис на населението. Но, кај нас, немаме попис, не знаеме како точно изгледа структурата на населението во Македонија, а со огромна сигурност некои од нас бараат нешто што е невозможно. Изборните резултаи ги направија моќни три групи пратеници, од нив две со македонски лидери и една албанска. Прилично кохезивна група бидејќи се работи за заеднички интереси.

Во сенка се останати граѓаните на ова земја, посочени во Уставот на Република Македонија. Да не ги споменувам и другите националности, како на пример Полјаците, во која заедница и јас се вбројувам.

Како посматрач на последните настани, сум во огромна дилема. Имам проблеми со одговор на прашањето каде живеам: Во Македонија или во некоја соседна земја. Независно од апсурдниот спор со Грција за името и во една (ФИРОМ) и во друга (Република Македонија) опција го има зборот Македонија. Имаме и Устав, знаеме дека зборуваме на македонски јазик, а не на мајчин јазик, на кој можеби би сакала да зборувам, но живеам во Македонија. Тоа е мојот избор.

Ја следам политичката ситуација и имам чувство дека за моите проблеми решава некоја елитна група, која благодарејќи на резултатите од изборите на пратеници, може да си дозволи ноншалантно однесување и уценување со зборови, кои и ако неискажани се мошне еднозначни: сѐ зависи од нас, Вие треба да се согласите, а не ние.

Прашувам каде всушност живееме? Јас знам дека живеам во Македонија.

Решавањето на кризата во македонската држава не може да трае вечно. Сѐ зависи токму од настаните кои се одвиват во овој момент. Не можам да сфатам како не може да се најдат 62 пратеници (граѓани на нашата земја, значи не само Македонци) за кои не е битна во моментот партиската припадност, туку најважна им е судбината на Македонија. Дозволете да го цитирам полскиот поет Циприан Камил Норвд: „татковина означува една голема заедничка обврска”. Исполнувањето на оваа обврска ја очекуваме од луѓе на кои им дадовме доверба на последните избори.

        Мариа Доневска

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе