Судбината на Македонија е во рацете на Пендаровски, Заев, Мицкоски...

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

Македонската држава помина низ многу периоди кога се поставувало прашањето дали  ќе не биде или не. Но никогаш досега,  опасноста да ни ја снема државата не било толку реална, како што е денес. Влеговме во НАТО, но Бугарија со поддршка на неколку други европски држави ставија вето на нашиот пристап кон Европската Унија, со цел за тотален колапс на македонската економија и државата во целост.

За наша среќа, повеќето европски држави, на чело со Германија, сакаат Македонија да се придружи на Европската Унија. Со цел да се заобиколат блокадите и можностите за вето, на Македонија ѝ понудија влез во  Европската економска област (European Economic Area).

За да нема никакви заблуди, членството во Европската економска област (ЕЕО),  е рамно на полноправното членство во ЕУ, со сите права, слободи и обврски, освен политичкиот дел. Во ЕЕО членуваат сите земји членки на ЕУ, плус Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.  Пристапувањето кон договорот за ЕЕО исто така е макотрпна и долгорочна процедура и државите како Норвешка, Исланд и Лихтенштајн потрошија години за исполнување на условите за пристапување. Сега на Македонија ѝ се нуди влез  „по скратена постапка“. Оваа понуда е рамна на понуда од соништата. Оваа понуда за Македонија и македонските граѓани е нешто за што сонувале многу наши генерации.

Со потпишување на договорот за членство во ЕЕО се обезбедува слободно движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот на европскиот единствен пазар, вклучувајуки ја и слободата за избор за престој во која било земја членка на оваа област.

Со пристапување кон ЕЕО, граѓаните на Македонија веднаш, од првиот ден ќе ги почувствуваат придобивките од тоа членство. Секој граѓанин ќе има слобода  да патува во која било европска држава, да работи, да престојува и да се школува без никакви ограничувања. Секој граѓанин може да отвори своја компанија или свој бизнис во Австрија, Германија, Италија... Земјоделецот без никакви бариери или царински постапки може својот производ да го однесе на пазарот во Солун, Поликастро, Благоевград. Целокупната трговија со сите европски држави ќе биде без царински постапки и протоколи. Секој граѓанин може да  купува и порачува стока од земјите членки на ЕЕО без никакви бариери. Секој транспортер може да ја обавува својата дејност во рамките на целата Европска Унија без ограничувања. Слобода на движењето на капиталот без ограничувања, како на граѓаните, така и на компаниите. Слобода на реализирање на сите видови услуги. Со еден збор, комплетна граѓанска и економска слобода во рамките на земјите членки на ЕЕО.

Предобро за да биде вистина. Не. Оваа е реалноста и секојдневието кое го живеат сите граѓани и компании во државите членки на ЕЕО.   

За разлика од порано,  одлуката дали ќе не биде или не, сега е во рацете на македонските политичари.  Претседателот Пендаровски треба да свика итна средба со лидерите на политичките партии, со единствена точка на дневен ред: влез на Македонија во ЕЕО. За првпат во историјата, иднината на Македонија е во рацете на македонските политичари. Се што треба да направат е да ја прифатат подадената рака од Европа и да ја внесат  Македонија во семејството на ЕЕО. Ништо повеќе, ништо помалку. Опстанокот на нашата држава, верувале или не зависи од една лидерска средба на која пет, шест луѓе треба да се погледнат во очи и да речат ОК, Македонија е поважна од нас.

Не постои ниту една друга причина, да постапат поинаку.

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери, Заев да каже, Мицкоски да каже... Во овој историски момент,  сите  македонски политичари треба да се постројат на скалите на македонското Собрание и да им соопштат на своите граѓани дека Македонија ќе ја биде.  

 Ангел Наков

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе