Старите средства на Западна Европа

Кога ќе се каже Западна Европа, во Македонија се мисли дека се работи за место каде што царува сознанието.

Тоа е заблуда што потекнува од богатството на овој дел од светот, стекнато со организирана примена на насилство, а останатиот дел од светот тоа никогаш нема да го заборави (ХАНТИНГТОН, Семјуел П., Сукоб цивилизација и преобликовање свјетског поретка-Подгорица:ЦИД, РОМАНОВ Бања Лука, 2000, страница 55).

Според најголемиот Германец, Шопенхауер, во Западна Европа, или католичка Европа, сонцето на сознанието и науките се појавиле кон крајот на 15-от век и тоа со појавата на византиските мислители кои побегнале од Цариград (ШОПЕНХАУЕР, Артур, Парерга Ќи паралипомена-Београд: Дерета, 2013, страница 180).

Според Ниче, кој што се срамел што се родил меѓу Германците и што како свој татко, единствено би можел да го замисли Александар Македонски (NIETZSCHE, Friedrich, Somrak malikov ali Kako fulozofiramo s kladivom: Primer Wagner: problemi glazbenikov; Ecce homo: kako postaneš kar si; Antikrist: prekletstvo nad krščanstvo: Ljubljana: Slovenska matica, 1989, stran 165), ова декадентна Западна Европа е одлична за католичкото христијанство. За свештеничкиот вид, декадентната Западна Европа е само средство, а животен интерес на овој вид луѓе е човештвото да го направи болно и поимите „добро" и „зло", „вистинито" и „лажно", да се преиначат во опасни по живот и светот да ги осудува (Ибидем, страница 295).

Ниче го обвинува католичкото христијанство со најстрашно обвинение, кое било кога е изречено. Учењето на католичката христијанска црква го смета за најголема корупција што можеме да ја замислиме. Католичката христијанска црква со својата расипаност допре сѐ. Од сѐ што е вредно, направи невредно, од секоја вистина лага, од секоја чесност, душевна нискост (Ибидем, страница 352) .

Папата Александар VI отишол толку далеку, што на Шпанците и Португалците им поделил по една третина од светот, што вклучувало право на Португалија исклучиво таа да тргува со Источна Индија, што значело и морињата на тој пат да бидат само нејзини и само таа да ги употребува (GROTIUS, Hugo, Svobodno morje ali Pravica ki pripada Nizozemcem, da sodelujejo v vzhodnoindijski trgovini-Ljubljana: Fakulteta za družbene vede: Ministrstvo za zunanje zadeve Republike Slovenije, 2011, stran 17).

Гроциус го потсетува папата дека Исус рекол дека „Моето кралство не е од овој свет", со што се откажал од целата власт врз земјата. Ако Исус немал власт врз земјата, како може да има папата, кој наводно постапува според Исус (Ибидем).

И ова измама што ја открил таткото на меѓународното право, оди во прилог на ставовите на Ниче, дека постои голема разлика помеѓу Католичката христијанска црква и Библијата.

Значи, не е Библијата таа што ја направи Западна Европа декадентна, туку Католичката христијанска црква.

После ова, читателот полесно може да го следи однесувањето на денешна Западна Европа.

Белгискиот крал Леополд почнал масовно да склучува договори во Конго со поглавиците на староседелците, за да си го присвои овој афрички бесценет камен.

„Во договорите склучени на 1 април 1884, поглавиците Ngombi и Mafela се согласиле дека за „едно парче облека на месец...покрај облеката што моментално ја добиваат како подарок": доброволно во свое име како и во име на сите свои наследници...на именуваното здружение ја пренесуваат сувереноста и сите свои суверени и владетелски права на сите нивни територии... и дека со работа и на други начини, било кога ќе помагаат при подобрувањето и експедициите кои би можело да ги изведе здружението... го предаваат во апсолутна сопственост на именуваното здружение, сите патишта и водени патишта што течат низ таа земја и на него го пренесува правото да собира дажбини на прометните патишта и сите ловни, риболовни, рудни и шумски права (потенцирал и превел М. П) (KOSKENNIEMI, Marti, Blagi prosvetitelj narodov: vzpon in padec mednarodnega prava: Založba Fakultete za družbene vede: Ministrstvo za zunanje zadeve Republike Slovenije, 2012, stran 130).

Афричките племиња не знаеле што значи суверенитет, а сепак цивилизираниот крал на Белгија, Леополд ги натерал за едно парче облека месечно, да го продадат суверенитетот.

Меѓународните правници од тоа време, правнички го аргументирале склучувањето на договорите од страна на кралот Леополд, а некои оделе до таму што ја истакнувале неговата хуманитарна улога во Конго (Ибидем, страница 129-136).

„Честите отпори ги задушувала војската на Леополд (Force publique), чии методи на војување вклучувале колежи на населението на цели села, злогласно сечење на рацете на убиените, или понекогаш, едноставно на непокорните домородци... Иако статистичките податоци за овој период не се сигурни, заради тие мерки умреле 8-10 милиони жители на Конго (потенцирал и превел М. П) (Ибидем, страница 150)."

Тие што мислат дека цивилизираните западноевропски народи се однесувале поинаку кон нас, сродните народи ќе се разочараат. Австро-Унгарија приклучувањето на Босна и Херцеговина го нарекла закуп (Ибидем, страница 144).

Ratio non clauditur loco. (Разумот не е ограничен со простор). Значи, разум има и во Македонија.

За колку го продале правото на самоопредлување на македонскиот народ нашите поглавици Заев и Шеќеринска?

Како што афричките поглавици не знаеле што е суверенитет и нашите поглавици не знаат што е право на самоопределување.

Западноевропските цивилизирани народи за стари навики даваат нови имиња, но во суштина остануваат исти. Кога пропадна и беше разобличен поимот цивилизирање (за масовно убивање), воведоа интернационализација (и пак масовно убивање), па хуманитарни акци. Сега им е уште полесно да го прават тоа скриени зад поимот ЕУ, која што сеуште ја нема ратификувано Европската конвенција за човекови права.

Западноевропските цивилизирани народи, народите ги делат на: цивилизирани, варвари и дивјаци.

Себеси се ставаат во цивилизирани, а нас во најдобар случај во варвари.

Како можат западноевропските цивилизирани народи да се пазарат за нашето право на самоопределување со нашите поглавици кои не знаат што е право на самоопределување, како што африканските поглавици не знаеле што е суверенитет?

In alta proditione nullus potest esseaccessorius (При велепредавството никој не може да биде спореден учесник).

Значи, ни ВМРО ДПМНЕ.

Сите што учествуваат во чинот на велепредавство имаат статус на сторител. Со оглед на тоа дека велепредавството ја загрозува целата држава, никој од вмешаните не може да се правда дека бил посматрач.

Изреката укажува на доследноста, со која во сите времиња биле прогонувани дејствијата што ја загрозуваат безбедноста на државата.

 

Д-р Марјан Попески

 

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе