Спас на Македонија

На секој граѓанин му е јасно дека на циркуската претстава која се прикажува во Македонија ѝ нема крај.

Надворешни наредбодавци, блокади, уцени, кршење на основните цивилизациски вредности, полуписмени политичари, криминалци, измамници, платеници на секое ниво и во секоја област, корупција за Гинисова книга на рекорди, безобразност и примитивизам како мерила за напредување во политиката... тоа е македонската реалност.

Повеќе нема потреба од никакви анализи и истражувања каде е скршена, од кој е скршена и каде не функционира нашата држава. Државата е уништена и по хоризонтала и по вертикала. И од надвор и од внатре. Дражавата не функционира, во буквална смисла на зборот. Оваа е од аспект на политичкиот циркуз.

Од аспект на нејзиниот општествено-економски развој се наоѓаме во фазата на слободен пад кон дното на провалијата. Ако ја погледнеме историјата на развој на државите, без исклучок ќе се дојде до сознание дека секоја држава имала циклуси на развој, благосостојба и пад на севкупниот општествено-економски живот. Вообичаено тие циклуси траат од 200 до 250 години. Во нашиот случај тој циклус ќе трае најмногу 80 години. Така ќе станеме лидери во светот по брзината со која сме си ја уништиле сопствената држава.

Но, има можност тоа и да не се случи. Постојат две можности, како да се спаси Македонија.

Првата и подобрата е, политичарите да преземат мерки кои ќе бидат болни по нив и по општсетвено-економската елита, но ќе бидат излез и перспектива за останатите граѓани и државата во целина.

Втората можност е да дојде до судир помеѓу малцинството на екстремно богатите луѓе и привилегирани државни политичари и раководители, од една страна и огромното мнозинство на останатите граѓани, од друга страна.

Во продолжение зборувам за првата можност, а тоа е македонските политичари да ги преземат следните чекори за спас на Македонија:

Влада за национален спас за период од најмалку една година.

Прекин на преговорите со Бугарија, веднаш.

Барање за приклучување на Македонија кон договорот за Европската економска област.

Закон за спроведувања и имплементација на сите поглавја и потребни реформи предвидени со пристапните преговорите за влез во ЕУ, без разлика дали сме добиле покана за преговори или не.

План за економска обнова на Македонија.

Нов закон за референдум, закон за политички партии, закон за избори, закон за локална самоуправа, закон за судови.

Целта и суштината на првите три чекора е веднаш да се прекине со политчкиот циркуз и несериозност на политичките актери, домашни и странски. Да се затвори неподносливото и неразбирливо бугарско насилство врз Македонија. Да се поднесе барање за интеграција во Европската економска област, каде Бугарија не може да не блокира со вето. Да се имплементираат и да се спроведат сите поглавја предвидени за пристапување кон Европската Унија, без разлика што немаме датум за почеток на преговорите.

Да се донесе план за економска обнова на Македонија, кој граѓаните ќе го прифатат како свој и ќе дадат придонес за негова реалзиација. Накратко тој план се базира на донесување на рестриктивен буџет, енергетска независнот, земјоделско производство за целосно задоволување на потребите за храна, обнова и изградба на нова патна и комунална инфраструктура, програма за поддршка и развој на малите и средни бизниси, програма за враќање на нашите граѓани од странство...

Во рок од една година неопходно е да се донесат и суштинските закони за функционирање на една држава од аспект на нејзиното управување, а тоа се законите поврзани со референдумот, изборите, политичките партии, локалната самоуправа и судовите. Со овие нови закони на граѓаните ќе им се врати сувереното право да ги избираат, но и да ги отповикуваат престедателот, пратениците, градоначалниците, советниците и судиите, децетрализација на власта на локално ниво и независни судови како гаранти на правото и правдата во државата.

Доколку политичарите не ја одберат оваа можност за спас на Македонија, останува втората можност, а тоа е отворен судир помеѓу малцинството, кои имаат се и мнозинството кои немаат ништо или имаат многу малку. Историски гледано, во најголем број од држави тој судир доведувал до граѓанска војна. Во случајот на Македонија, тоа многу лесно може да се трансформира и во меѓуетничка војна. Оваа е сценарио кое никој не го сака, но за жал дали до него ќе дојде или не, одлучуваат политичарите.

Граѓаните се молат, барем еднаш во животот нашите политичари да донесат правилна одлука. На потег се политичарите.

Ангел Наков

П.С. За поконкретните мерки на планот за економска обнова на Македонија, во наредната колумна.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе