Со скратено работно време незаконски предаваат по универзитетите

Моите колеги, просветни инспектори и нивните блиски кои дипломираа, или пак магистрираа во време кога наместо да го спроведуваат Законот за високото образование си ги злоупотребуваа овластувањата.

Процесите во високото образование го допреа дното. Државниот просветен инспекторат чека да добие претставка и да оди да изврши надзор, наместо обратно - да изготви протокол за сите законски услови кои треба да ги има еден универзитет и да провери во практика што недостасува на секој факултет одделно. Одборот за евалуација на високото образование на чело со проф. д-р Марина Митревска преку пропуштање, односно несторување, овозможува да постојат незаконитости по факултетите како никогаш досега.

На интернет страницата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, спротивно на Законот за високото образование може да ја видите следната информација: кадар со скратено работно време. Не можам да пронајдам одредба од Законот за високото образование која пропишува скратено работно време во високото образование. Овој закон е lex specialis и многу јасно определува како се станува доцент, вонреден професор, редовен професор, професор емеритус или насловен доцент, насловен вонреден професор. Дали тоа го знаат професорите од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, а посебно професорот од казнената област, кој воедно е и академик, не знам. Дали ова го гледаат инспекторите во Државниот просветен инспекторат, не сум сигурен. Но, инспекторите имаат поголема одговорност затоа што еден од предметите на нивниот надзор се и интернет страниците на универзитетите, што тие објавуваат, дали информациите се точни или невистинити. Зошто молчите мои поранешни колеги? Знам дека знаете дека насловните професори може да се ангажирани и тоа со посебен договор, но никако со договор за скратено работно време. Знам дека знаете дека големиот академик Камбовски е пензионер и оттука, посебно е важно да испитате како е можно пензионер да биде ангажиран со скратено работно време?

Некои министри од времето на поранешна Југославија едноставно не знаат за доста, немаат усул што се вели кај нас. Тоа покажува колку алчноста нема крај. Нели е срамота за Правниот факултет на УКИМ, каде овој академик регуларно е ставен во групата на пензионирани професори. Таму нема професори со скратено работно време и тоа пензионери. Оваа скандалозна информација покажува реално сомневање за акредитацијата на програмите на овој универзитет имајќи предвид дека овој академик со децении команда со Одборот за акредитација на високото образование. И од таму верувам дека добива хонорари. Нема џебе ни код .... што би рекле некои. Толку несреќно е ставено рака на високото образование, што верувам дека ќе треба многу време истите да се поправат.

Покрај академикот на листата на кадар со скратено работно време е и полицискиот службеник од СВР Тетово – Муазам Халили. Овој професор е вработен во МВР, што значи дека може да биде ангажиран единствено како насловен доцент, но никако со скратено работно време. Точно е пропишано во ЗВО колку проценти од наставата може да спроведува еден насловен професор. Ништо повеќе, ништо помалку. Го повикувам Државниот просветен инспекторат да изврши надзор за овие две јавно објавени незаконитости и да донесе конкретно решение во управна постапка.

Еве ги пензионираните професори на Правен Факултет на УКИМ.

Ете драги мои, зошто состојбите во високото образование се дно. Ги советувам моите поранешни колеги да изготват протокол со табела во која ќе биде опфатен секој член од ЗВО и да истражат на секој факултет во државата што му фали и превентивно да ги задолжат во еден нормален рок да ги отстранат неправилностите. Репресијата не дава резултат.

Каде се 10-те професори кои според ЗВО од 2018 година секој факултет мора да ги има. Да, од пред три години, а некој со несторување ги овозможува овие незаконитости. Со тоа се овозможува корупцијата во високото образование да биде на високо ниво. И честитки до моите колеги и нивните блиски кои дипломираа, или пак магистрираа во време кога наместо да го спроведуваат Законот за високото образование си ги злоупотребуваа овластувањата. Одговорност ќе има. Точно се знае кој и каде се унапредил во своето образование. На крајот оштетени ќе бидат универзитетите кои не сфаќаат дека инспекторите ќе мораат да понштуваат многу избори, одлуки и дипломи.

Ѓорги Илиевски, виш просветен инспектор

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе