Со енергетската криза реалноста може да биде многу сурова

Енормниот раст на цената на струјата, но и на останатите енергенси како клучна компонента во производствената цена е топ приоритетно прашање за бизнис секторот.

Тоа прашање е отворено уште од септември 2021 година од наша страна. Укажувано, разработувано, предлагани се конкретни мерки, затоа што ова е прашање кое веќе одреден период нема компанија која не го става во приоритетните проблеми за кое бара итно решавање.

Изминатата недела конечно се случи потребното свртување на надлежните органи кон справувањето со ова важно прашање. Владата максимално се ангажира за поддршка на компаниите. Во Комората се одржа важна средба со ЕВН за проблемите за инсталирање фотоволтаични централи. Во понеделник во Комората ќе дојде раководството на ВМРО-ДПМНЕ со нивните градоначалници на средба со компаниите, исто така со намера да помогнат околу разрешување на овие проблеми.

Во таа насока се и дел од договорените одлуки вчера во Софија во рамки на официјалната посета на премиерот на Владата на РСМ Димитар Ковачевски со министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и Виктор Андонов, соработник за енергетика, на која со премиерот на Република Бугарија Галаб Донев и претседателот Радев е разговарано за состојбата во енергетскиот сектор и кризата на светско ниво, како и за начините за решавање на енергетската криза и недостигот на енергенси со акцент на потребите за стопанството кое во нашата државата е на слободниот пазар и не може да го издржи високиот раст на цената на електричната енергија на светските берзи.

Во Софија  (на 5 септември), на средбата на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев е договорено, Бугарија да испорачува 200 мегават-часа струја од почетокот на октомври до крајот на март идната година по поевтина цена на струја за стопанството, за да се ублажи енергетската криза во Северна Македонија, со што ќе се обезбеди непречено снабдување со струја за индустријата, што е едно од клучните барања на Стопанската комора на Северна Македонија. Договорено е заедно со Бугарија (која е земја извозник на електрична енергија, благодарение на капацитетите коишто ги има особено електрична енергија произведена од нуклеарна централа) да се формира веднаш во среда работна група составена од министерствата за економија на нашата држава, Министерството за енергетика на Бугарија, како и ЕСМ и другите компании во рамки на Бугарија каде што ќе се разговара за техничките параметри во однос на капацитетите и транспортот на електрична енергија, за снабдување со количини во износ од 200 мегават-часа струја за потребите на Северна Македонија заклучно со март, следната година.

И денешниот состанок на Советот за безбедност е уште еден чекор во градењето на национален консензус за поддршка на бизнисот кој е основата на која почиваат сите други работи во државата и плус тоа, тоа е единственото врзно ткиво во сите поделби кај нас и во регионот. Не знам дали е ова доволно јасно, но не би се осмелил да го проверувам затоа што реалноста може да биде многу сурова и да нема враќање назад.

Бранко Азески,

претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе