Колумна на Божин Павловски

Сите ќе умреме по еднаш, само Блаже Конески два пати

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

За време на режимот на Вождот што се одржа долго и предизвика неподносливи инфлации, паричките од неговата задужбина испарија. Но, Андриќ си е Андриќ, зад него стои импресивна читачка публика која на овој или оној начин успеа да компензира убав дел од штетата. Така што неговата мисла дека творецот може да умре два пати, еднаш кога ќе го стават во гробот, втор пат кога ќе биде збришана неговта задужбина - барем за него лично не важи.

Блаже Конески не остави пари, живееше многу скромно, во последните десет години ручаше и вечераше сува храна, немаше кој да му зготви. Ниту тој ја молеше власта за помош, ниту таа покажа интерес. Го викаа на свечености за да се сликаат со него како со икона, подвижен споменик. Ниту го прашуваа зошто постојано се облекува во црн ролован џемпер, ниту зошто е толку замислен. И да го прашаа немаше да им се пожали дека одамна не може да си испере и испегла бела кошула.

Ако пари не остави зад себе нашиот гениј, сепак неговата задужбина е грандиозна речиси бесценета.

Македонскиот јазик не само што содржи ретко убава лексика натопена од вековните мачнини, туку е совршено едноставен. И еден Чеслав Милош, нобеловец, тоа јавно го истакна. А пак Андриќ, кога му ги однесов неговите собрани дела на македонски во 16 тома, се радуваше како момче. Му беше толку мило што ќе има бројни наши читатели.

Во мигов задужбината на Конески е позагрозена од кога било порано. Да не се лажеме, камен на сопнување не се веќе „граѓаните на Северна Македонија” туку македонскиот јазик. И се заговара тој да се врати малку назад, во категоријата indigenous languages, какви што во Европа има неколку. Да послужи исклучиво во строго научни цели. Затоа Дендас е толку многу релаксиран во изјавите дека самите Македонци наскоро ќе сфатат дека - не се Македонци. А Дендас не е било кој, туку министер што ќе ни го донесе подарокот. Данајски.

Божин Павловски

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе