Сите играат на картата на попустливоста на Заев

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

Ве охрабруваме и вас, и земјите членки на ЕУ, да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите. Високо ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја, му пиша меѓу другото Филип Рикер, американскиот помошник државен секретар, на македонскиот премиер Зоран Заев.

Ова е официјалниот дел од пораката на САД. Бриселски извори тврдат дека високи членови на Демократската партија на САД имале контакт со Заев на тема преговори на Македонија со Бугарија. И покрај оценката дека Договорот за пријателство и добрососедство бил историски чекор, дека со овој документ се затвориле многу отворени прашања со источниот сосед, сепак се отвориле уште некои „помалку битни“ прашања за нови договарања. Препораката до Заев е да попушти, како што тоа го направи со Грција и конечно Македонија да влезе во ЕУ. Некои од потезите на Заев, изјавите, интервјуата покажуваат дека македонскиот премиер слепо продолжува да ги слуша овие препораки, надевајќи се дека еден ден сите ние ќе го славиме како историска личност.

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија. Голема работа кој од кога потекнува - пред или после 1945 година. Треба да се гледа во иднината, а не во минатото и главната цел да е евроинтеграцијата. Всушност тоа отворено го вели и министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов - кога веќе го сменивте знамето, Уставот и името, може да смените и нешто од историјата.

Сепак, има политичари и во Македонија, и негови сопартијци, кои попустливоста на Заев ја споредуваат со предавството на колаборационистите Македонци со бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна.

Поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски побара изјаснување на Централниот одбор на партијата за овие потези на Заев. Поранешната министерка за надворешни работи од СДСМ, Илинка Митрева, бара вонреден конгрес на СДСМ. Актуелниот градоначалник на Куманово, од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски отворено не се согласува во оваа политика на владеачката партија. Има и други. Сите тие велат дека Заев мора да отстапи затоа што е спремен да ги предаде националните интереси на Македонија.

На потег се социјалдемократите на Македонија и македонските граѓани.

Александар Стојановски, Брисел

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе