Сите аргументи на маса за и против членството во НАТО

Зошто така еднострано се гледа на членството на која било земја во НАТО? Зошто никој не се обидува да ја прикаже целата слика?

Вообичаено е членството во една воена алијанса која се вика НАТО да се поистоветува со демократија, почитување на правото, слобода на говор, човекови права, просперитет... Но, тоа претставува една искривена слика за сѐ она што оваа алијанса навистина и го прави. Да не одиме подалеку, доволно е да се види што денеска се случува во Сирија, Авганистан, Јемен, што се случуваше во Тунис, Либија, Ирак..., а да не зборуваме за бомбардирањето на СР Југославија. Под знамето на НАТО денеска имаме милиони загинати лица, уништени држави, руинирани градови, милиони бегалци... И Турција и Грција се членки на НАТО, но нивните меѓусебни недоразбирања и конфликти кои често завршуваат и со соборени воени авиони и хеликоптери, ама баш никаква врска немаат со оваа воена алијанса. Дали Кипар се спаси од воениот судир на двете земји членки на НАТО?

Во сите овие случаи денес очигледно е дека не се работеше за никаква одбрана на демократијата во тие земји, за одбрана на човековите права, за одбрана на почитувањето на правата... Јасно е дека станува или стануваше збор за класично кршење на меѓународните стандарди и протоколи и одбрана и спроведување на стратешките и економски интереси на одредени земји, а најчесто на САД.

И кога се знаат информациите за сите овие работи навистина зачудува оваа заслепеност на актуелната влада на Македонија во однос на членството на земјата во НАТО и ЕУ. Зошто не се дава целосната слика за тоа што Македонија може да добие и изгиби од ова? Особено кога тоа членство во случајот со Македонија се условува со решение на проблемот за името со јужниот сосед Грција. Во овој дел од пакетот доаѓа и македонскиот јазик, независната политика, самостојно и суверено решавање за воени прашања... Очигледно е дека од сѐ ова, до членството во НАТО и ЕУ ќе мора да се откажеме.

Велат, безбедноста е во прашање. Што се случи со Македонија за овие години нечленство во НАТО. Од каде ни беше досега загрозена безбедноста - од Грција - членка на НАТО, од Бугарија - членка на НАТО, од Албанија - членката на НАТО, од Косово со база на НАТО, од Србија - нечленка на НАТО... Стереотипите од  Студената војна не важат веќе. Воената алијанса формирана како одговор на Варшавскиот пакт веќе нема на што да одговара. Членството во НАТО и воените интервенции на оваа воена алијанса по светот само ќе ја зголемува опасноста од теерористички напади и на територијата на Македонија. Што да кажеме за нашите војници кои ќе треба да учествуваат во разноразни мисии по целиот свет каде ќе бидат и воена цел, а не само придружба како досега.  

Што фали на нашиот актуелен партнерски статус со НАТО?

Велат, и економскиот просперитет оди паралелно со членството. Зошто и за овие прашања никој не им ја дава на граѓаните целата слика. На овој простор неодамна и Здравко Савевски од партијата Левица се обиде да каже колку тоа членство ќе ја чини Македонија. Во милиони евра. „Во контекст на големите економски проблеми на Македонија аспект кој не смее да се занемари е финансискиот аспект на членувањето во НАТО. НАТО како воена и милитаристичка организација бара и наложува нејзините членки да трошат пари на вооружување, пари кои можат да се искористат доста попаметно“.

Висока е цената која Македонија треба да ја плати ако сака да стане членка на НАТО. Особено ако тоа оди со условот промена на името.

Ајде да ги ставиме сите про и контра аргументи на маса, на рамноправна основа во јавната дискусија и да одиме на референдум.

Александар Стојановски 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на МКД.мк. Редакцијата на МКД.мк се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе